Skil 9001 Notice Originale page 147

Table des Matières

Publicité

2) ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
• Повратен удар е неочекувана реакција на потфатено
или заглавено тркало, подлошка, четка или која било
друга дополнителна опрема. Потфаќањето или
заглавувањето предизвикуваат нагло попречување
на вртењето што предизвикува алатот врз кој веќе
немате контрола да се потисне во правец обратен од
ротацијата на опремата кај точката на поврзување.
• На пример, ако абразивното тркало се потфати или
заглави со остаток од работата, работ на тркалото
којшто навлегува во потфатената област може да се
закопа во површината на материјалот и со тоа да
предизвика тркалото да се откачи или да ве бутне.
Тркалото може да отскокне кон или обратно од
ракувачот, зависно од правецот на движење на
тркалото во моментот на потфаќање. Абразивните
тркала може и да се скршат во овие услови.
• Повратниот удар е резултат на неправилна употреба
на алатот и/или несоодветна работна постапка или
услови, а може да се избегне ако ги преземете
неопходните безбедносни мерки како што е
посочено подолу.
a) Одржувајте цврст зафат на алатот и поставете ги
телото и раката на тој начин со којшто ќе си
овозможите да ја издржите силата на
повратниот удар. Секогаш служете се со
дополнителната рачка ако се доставува за
максимална контрола врз повратниот удар или
врз реакцијата од моментот на обрт при
вклучување. Ракувачот може да ги контролира
реакциите од моментот на обрт или силата на
повратниот удар ако ги преземе неопходните
безбедносни мерки.
b) Никогаш не ставајте ја раката близу опремата
којашто се врти. Опремата може да удри повратно
преку раката.
c) Не поставувајте го телото во областа каде алатот
би се придвижил ако дојде до повратен удар.
Повратниот удар ќе го потисне алатот во правец
обратен од вртењето на тркалото во моментот на
потфаќање.
d) Обрнете особено внимание кога работите кај
агли, остри рабови и слично. Избегнувајте
потскокнување и потфаќање на дополнителната
опрема. Аглите, острите рабови или отскокнувањето
имаат тенденција да ја потфатат дополнителната
опрема којашто се врти и на тој начин да изгубите
контрола или да предизвикате повратен удар.
e) Не ставајте сечиво за резбарење на моторна
пила или сечиво на пила со запци. Таквите сечива
предизвикуваат чести повратни удари и загуба на
контролата.
3) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ОПЕРАЦИИ СО БРУСЕЊЕ И СЕЧЕЊЕSAFETY
wARNINGS SPECIFIC FOR GRINDING AND
ABRASIVE CUTTING-OFF OPERATIONS
a) Користете само типови на тркала коишто се
препорачуваат за овој алат и одредената
заштита произведена за избраното тркало.
Тркалата за кои овој алат не е примерен не може
соодветно да се заштитат и не се безбедни.
b) Површината за брусење на централно снижените
тркала мора да се постави под опсегот на
заштитната рамка. Неправилно поставеното тркало
коешто излегува од опсегот на заштитната рамка не
може да се заштитува.
c) Заштитата мора безбедно да се закачи на алатот
и да се постави за да пружи максимална
безбедност на тој начин што помал дел од
тркалото е изложено кон работникот. Заштитата
помага да се заштити работникот од скршени делови
на тркалото, од случаен контакт со тркалото и од
искри кои може да ја запалат облеката.
d) Тркалата мора да се користат само за
препорачаните примени. На пример: Не брусете со
страната на тркалото за сечење. Абразивните
тркала за сечење се наменети за периферално
брусење. Применетите странични сили кај овие
тркала може да предизвикаат кршење.
e) Секогаш користете неоштетени потпори за
тркалата со соодветна димензија и форма за
избраното тркало. Соодветните потпори за
тркалата го потпираат тркалото и на тој начин ја
намалуваат можноста за кршење на тркалото.
Потпорите за тркалата за сечење се разликуваат од
оние за тркалата за брусење.
f) Не користете изабени тркала од поголеми алати.
Тркало наменето за поголем алат не е соодветно за
поголемата брзина на помалиот алат и може да
пукне.
4) ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ОПЕРАЦИИТЕ СО
СЕЧЕЊЕ
a) Не „заглавувајте" го тркалото за сечење и не
применувајте прекумерен притисок. Не
обидувајте се да направите прекумерна
длабочина при сечењето. Ако вложите прекумерен
притисок врз притисокот, тоа доведува до
преоптоварување и поголема можност за
превиткување или виткање на тркалото при
сечењето, како и до можност за повратен удар или
кршење на тркалото.
b) Не поставувајте го телото во линија или зад
ротирачкото тркало. Кога тркалото во даден
момент на работа се оддалечува од телото, можен
повратен удар може да ги придвижи ротирачкото
тркало и алатот директно кон вас.
c) Кога тркалото се витка или кога прекинувате со
сечење од која било причина, исклучете го
алатот и држете го без да го поместувате додека
тркалото не застане сосема. Никогаш не
обидувајте се да го извадите тркалото за сечење
додека се движи, во спротивно може да дојде до
повратен удар. Проверете и преземете корективни
дејства за да исклучите причина за виткање на
тркалото.
d) Не започнувајте ја работата со сечење во самиот
предмет за работа. Оставете тркалото да
постигне полна брзина и внимателно навлезете
во линијата за сечење. Тркалото може да се
свитка, да се откачи или да предизвика повратен
удар ако алатот се вклучува во самиот предмет за
работа.
147

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

90069016F0159001F0159006F0159016

Table des Matières