и користете здрав разум додека ракувате со
електричниот алат. Не користете го електричниот
алат ако сте уморни или под влијание на дрога,
алкохол или лекарства. Само еден момент на
невнимание додека ракувате со електричен алат
може да доведе до сериозни телесни повреди.
b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш
носете заштита за очите.
c. Не пресегнувајте се премногу. За сето време
одржувајте стабилна положба и рамнотежа.
Тоа Ви овозможува подобра контрола над
електричниот алат во неочекувани ситуации.
d. Носете прописна облека. Немојте да носите
широка облека или накит. Косата, облеката
и нараквиците држете ги понастрана од
подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса можат да се заплеткаат меѓу
подвижните делови.
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ
a. Немојте да го форсирате алатот. Користете
соодветен алат кој е потребен за вашата дадена
ситуација. Со соодветниот алат подобро и
побезбедно ќе ја завршите работата за која е
дизајниран.
b. Немојте да го користите алатот доколку
не работи прекинувачот за вклучување и
исклучување. Секој алат којшто не може да се
контролира со помош на прекинувач, е опасен и
мора да се поправи.
c. Чувајте го алатот подалеку од дофат на деца и
не дозволувајте им на лицата кои не се упатени
во алатот или во овие упатства да ракуваат со
него. Алатите можат да бидат опасни во рацете
на корисници кои не се обучени.
d. Одржувајте ги алатите. Проверете дали спојните
или подвижните делови се добро нагодени,
дали деловите се во исправна состојба, и сите
други услови кои би можеле да влијаат врз
работата со алатот. Ако алатот е оштетен, дајте
го на поправка пред повторната употреба. Многу
несреќи биле предизвикани од лошо одржуван
алат.
e. Ако постои некаква можност да биде оштетен
од машината или детергенти или површината
да се обезбои, се препорачува да се провери
компатибилноста на безбедно место пред
употребата.
f.
Не користете нерастворени киселини, ацетон
или разредувачи.
g. Не користете запаливи течности.
h. Не допирајте или не внесувајте спроводливи
предмети (како шрафцигер или слично) во
micro-USB отворот.
i.
Немојте да вршите никакви промени или
модификации на машината. Неовластените
модификации може да ја попречат безбедноста
на вашата машина, да предизвикаат зголемена
бучава и вибрации и слаба работа.
j.
Алатот, приборот и бургиите користете ги во
согласност со овие упатства, земајќи ги предвид
работните услови и работата што треба да се
заврши. Употребата на алатот за работи за
коишто тој не е предвиден, може да предизвика
опасни ситуации.
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ НА
БАТЕРИИ
a. Полнете само со помош на полнач којшто го
препорачува производителот. Полначот кој
одговара за еден вид батерии може да предизвика
пожар ако се користи со друг вид батерии.
b. Користете го алатот само со специфично
дизајнираните батерии. Употребата на било кој
друг вид батерии може да предизвика ризик од
повреди и пожар.
c. Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од други метални предмети какви
што се спојки, метални пари, клучеви, клинови,
шрафови или други ситни метални предмети
кои можат да предизвикаат спојување на едниот
приклучок на батеријата со другиот. Краткото
спојување на приклучоците на батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
d. Во случај на ненаменска употреба, течноста
може да истече од батеријата; избегнувајте
контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте
се со вода. Ако течноста дојде во контакт со
очите, побарајте медицинска помош. Течноста
која истекла од батериите може да предизвика
иритација или изгореници.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СИТЕ
ВИДОВИ ОПЕРАЦИИ
a. Операторот мора да ја користи машината
согласно законите. Тој/таа мора да ги земе
предвид локалните услови и да биде свесен/свесна
за останатите луѓе, особено децата, додека
работи со машината.
b. Особена грижа треба да се примени кога се
користи машината на височина.
c. Не наведнувајте се низ прозорецот додека ја
користите машината.
d. Операторот е одговорен за луѓето што работат
во областа.
e. Не користете прибор кој не е специјално
дизајниран и препорачан од страна на
производителот на алатот. Самата можност да
се приклучи прибор на вашиот алат, не означува
дека тој е сигурен и безбеден за работа.
f.
Номиналната брзина на додатокот мора да
биде поголема или еднаква на максималната
брзина што е означена на алатот. Додатокот
што работи со брзина поголема од неговата
номинална брзина, може да се скрши и да се
разлета.
g. Надворешнот пречник и дебелината на
вашиот прибор мора да бидат во рамките
на капацитетот на алатот. За несоодветно
димензионираните додатоци не може адекватно
да се постави заштита и да се контролираат.
h. Приборот со навојно прикачување мора да се
совпаѓа со навојот на вретеното. Отворот на
приборот што се прикачува со подлошки мора
да се совпаѓа со дијаметарот на подлошката.
Приборот кој не одговара на вретеното на
алатот ќе се врти ексцентрично, додатно
ќе вибрира и може да предизвика губење на
контролата.
i.
Немојте да користите оштетен прибор.
Проверете пред секоја употреба дали на
приборот, како што е брусната плоча или
брусната подлога, дали има пукнатинки и дали
се прекумерно изабени и дали на жичената четка
има лабави или искршени жици. Ако алатот
или приборот ви паднале, проверете дали има
оштетувања или монтирајте неоштетен прибор.
По прегледувањето и монтирањето на приборот,
оддалечете се и останатите присутни лица од
површината на ротациониот прибор и вклучете
го електричниот алат да работи во траење од
една минута со максимален број на вртежи.
112