OBJ_BUCH-359-004.book Page 174 Friday, April 12, 2013 10:04 AM
174 | Македонски
Копчето за блокирање на вретеното 5 активирајте го
само доколку вретеното на пилата е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
– Одвртете го 18 затезниот шраф 19 со инбус клуч во
правец на вртење .
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 12 и држете ја цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница 20 и листот за пилата
21 од вретеното на пилата 23.
Монтирање на листот за пилата (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го листот за пилата 21 и сите стезни делови
што се монтираат.
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен
механизан 12 и држете ја цврсто.
– Поставете го листот на пилата 21 на приклучната
прирабница 22. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитната хауба 16.
– Поставете ја стезната прирабница 20 и зашрафете го
затезниот шраф 19 во правец на вртење . Внимавајте
на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница 22 и стезната прирабница 20.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 5 и
држете го притиснато.
– Зацврстете го 18 затезниот шраф 19 со инбус клуч во
правец на вртење . Моментот на затегање треба да
изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегање
плус ¼ вртење.
Вшмукување на прав/струготини
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
1 609 92A 089 | (12.4.13)
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптерот за вшмукување (види
слика B)
Ставете го адаптерот за вшмукување 25 на исфрлувачот
за струготини 15 додека не се вклопи. На адаптерот за
вшмукување 25 може да се приклучи црево за
вшмукување со дијаметар од 35 мм.
Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 25 мора редовно да се чисти.
Надворешно вшмукување
Цревото за вшмукување 32 поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Видови употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
Отпуштете го затезниот лост 26. За помала длабочина на
сечење тргнете ја пилата од основната плоча 13, а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча 13.
Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина
на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезниот лост
26.
Доколку по отпуштањето на затезниот лост 26
длабочината на сечење не може целосно да се подеси,
извлечете го затезниот лост 26 од пилата и навалете го
надолу. Повторно отпуштете го затезниот лост 26.
Bosch Power Tools