18. Р ачка за закочување на моторот
уредот со сечивото
19. Р ачка за вклучување на погонот
Веднаш по набавка на машината, запишете ги броевите
за идентификација (3 – 4 – 5) во соодветното место на по-
следната страница од ова упатство.
Примерот со декларацијата за усогласеност се наоѓа на
последната страница од упатството.
ОПИС НА ДАДЕНИТЕ СИМБОЛИ
НА КОМАНДИТЕ (каде шт ое предвидено)
21. Б авно
22. Б рзо
23. С тартер
24. Г аснење на моторот
25. В клучен погон
26. М ирување
27. П алење на моторот
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ – со тревокосачката треба да
се работи внимателно. За таа цел, на машината се поста-
вени илустрации наменети да ве потсетуваат за главни-
те безбедносни мерки при употреба. Нивното значење е
објаснето подолу. Затоа, препорачуваме внимателно да
ги прочитате безбедносните мерки што се дадени во за-
себно поглавје на ова упатство.
Заменете ги оштетените или нечитливите етикети.
41. В нимание: Прочитајте го упатството за употреба пред
да ја користите машината.
42. Р изик од исфрлање. Држете ги лицата подалеку од
опсегот на работа додека ја користите машината.
43. Р изик од посекотини. Уред со сечиво во движење.
Никогаш не ставајте ги рацете или нозете во вна-
трешноста каде што е сместен уредот со сечивото.
Извадете го капачето на свеќичката и прочитајте го
упатството пред да изведувате какви било дејства за
одржување или поправка.
44. С амо за тревокосачка со електричен мотор.
45. С амо за тревокосачка со електричен мотор.
51. В нимание: Уредот со сечивото продолжува да се врти
уште извесно време и по исклучување на машината.
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте ги соодветните упатства за употреба што
се однесуваат на моторот и акумулаторот (ако се до-
ставени).
ЗАБЕЛЕШКА - соодветноста меѓу насоките дадени во
ова упатство и соодветните слики (дадени на страни-
ците 2 и понатаму) е претставена преку бројот кој му
претходи на дадениот пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА
машината може да се доставува со не-
кои веќе монтирани делови.
ВНИМАНИЕ!
Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и рамна површина со
доволно простор за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во
согласност со важечките локални закони.
1.1a Монтирање на ракофатот (тип „I"
– без регулација на висината)
Монтирајте го долниот дел од ракофатот (1) во странич-
ните отвори на куќиштето фиксирајќи го со приложените
завртки (2) како што е прикажано.
Монтирајте го горниот дел (3) користејќи ги регулаторите
(4) и приложените завртки.
Поставете ги стегалките за каблите (5) како што е прика-
жано и фиксирајте ги каблите за командите.
Вметнете го јажето за палење во спиралата за водење (6)
и затегнете ја навртката (7).
1.1b Монтирање на ракофатот (тип „II" – со
регулација на висината)
Вратете го веќе монтираниот долен дел од ракофатот (1)
во позиција за работа и блокирајте го со долните регула-
тори (2). Погрижете се двата клина (3) да останат вметна-
ти во соодветните отвори (4).
Монтирајте го горниот дел (5) користејќи ги регулаторите
(6) и приложените завртки.
Поставете ги стегалките за каблите (7) како што е прика-
жано и фиксирајте ги каблите за командите.
Вметнете го јажето за палење во спиралата за водење (8)
и затегнете ја навртката (9).
Со олабавување на регулаторите (2,) ракофатот може да
се регулира на две различни висини.
1.2a Монтирање на вреќата за собирање (Тип „I")
Монтирајте ги двата дела на вреќата за собирање (3) и
(4), внимавајќи да ги вметнете докрај во нивните лежиш-
та со кликнување и фиксирајте ги со помош на дадените
навртки (5).
1.2b Монтирање на вреќата за собирање (Тип „II")
Вметнете го рамот (15) во делот за него на вреќата за
собирање (17) и прицврстете ги сите пластични профи-
ли (18) со помош на шрафцигер, како што е посочено на
сликата.
Вметнете го докрај рамот (19) на платното во жлебовите
на пластичниот дел (13), почнувајќи на 5 - 7 мм од крајот.
1.3 Полнач за акумулаторот
Кај моделите со електрично палење, поврзете го кабелот
на акумулаторот со конекторот на главната електрична
инсталација на тревокосачката.
2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА значењето на дадените симболи за ко-
мандите е објаснето на претходните страници.
2.1 Команда за забрзување
Забрзувачот се управува со рачка (1).
Позициите на рачката се посочени на соодветната ети-
кета.
Кај одредени модели предвиден е модел без забрзувач.
2.2 Рачка за закочување на моторот / уредот со
сечивото
Кочницата за уредот со сечивото се управува со рачка (1)
која треба да се држи спроти ракофатот за палење и во
текот на работа на тревокосачката.
Моторот се гаси со пуштање на рачката.
4