Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите
лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не го принесувајте мерниот уред и
држачот 8 во близина на пејсмејкери.
Магнетите на мерниот уред и држачот 12
создаваат поле, кое може да ја наруши
функцијата на пејсмејкерите.
Мерниот уред и држачот 8 држете ги подалеку од
магнетни носачи на податоци и уреди осетливи на
магнет. Поради влијанието на магнетите на мерниот
уред и држачот 12 може да дојде до неповратно губење
на податоците.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на
хоризонтални и вертикални линии, како и точки на
вертикалата.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 Излезен отвор за ласерскиот зрак
2 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
3 Поклопец на преградата за батеријата
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Натпис за предупредување на ласерот
6 Прифат на стативот 1/4"
7 Сериски број
8 Држач
9 Шраф за фиксирање на држачот
10 Отвори за зашрафување на држачот
11 Водилка за појасот
12 Магнет
13 Прифат за стативот 1/4" на држачот
14 Прифат за стативот 5/8" на држачот
15 Мерна плоча со ногарка*
16 Заштитна ташна
17 Ласерски очила*
18 Статив*
* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Bosch Power Tools
Технички податоци
Ласер со точки
Број на дел/артикл
Работно поле
Точност при нивелирање
Типично поле на
самонивелирање по должина на
– Должинска оска
– Попречна оска
Типично време на нивелирање
Температура при работа
Температура при складирање
Pелативна влажност на воздухот
макс.
Класа на ласер
Тип на ласер
Прифат за стативот
Батерии
Времетраење на работа околу
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003
Димензии
(Должина x Ширина x Висина)
Вид на заштита
Серискиот број 7 на спецификационата плочка служи за јасна
идентификација на вашиот мерен уред.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии 3
свртете го механизмот за заклучување 2 во правец на
стрелките на часовникот во позиција
поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги
испорачаните батерии. Притоа внимавајте на половите во
согласност со приказот на внатрешната страна од
преградата за батерии.
Ставете го поклопецот на преградата за батерии долу на
куќиштето и притиснете го нагоре. Свртете го механизмот
за заклучување 2 во правец спротивен на стрелките на
часовникот во позиција
на преградата за батерии.
Доколку за време на работата ласерските зраци трепкаат
во бавен такт, тоа значи дека батериите се слаби. По
првото трепкање, мерниот уред може да се користи уште
околу 8 ч.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Македонски | 111
3 601 K66 1..
±0,3 мм/м
–10 °C...+40 °C
–20 °C...+70 °C
635 nm, <1 mW
3 x 1,5 V LR06 (AA)
104 x 40 x 80 мм
и извлечете го
, за да го заклучите поклопецот
1 609 92A 0KW | (16.5.14)
GPL 3
30 м
±5°
±3°
<4 с
90 %
2
1/4"
24 ч
0,25 кг
IP 5X