ВНИМАНИЕ: ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО ОВА УПАТСТВО ПРЕД ДА ЈА
MK
КОРИСТИТЕ МАШИНАТА. Зачувајте за секое идно навраќање
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
до коишто треба строго да
се придржувате
A) ОБУКА
1) ВНИМАНИЕ! Прочитајте го внимателно ова упатство
пред да ја користите машината. Запознајте се со командите
и правилното користење на машината. Научете брзо да го
запирате моторот. Непридржување кон предупредувањата
и кон упатството може да предизвикаат изгореници и/или
сериозни повреди. Сочувајте ги предупредувањата заедно
со упатството за идна консултација.
2) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат маши-
ната, или други лица што не се запознаени со основните
упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат ми-
нималната возраст на корисникот.
3) Не користете ја тревокосачката никогаш кога во близина
има лица, особено деца или животни.
4) Никогаш не користете ја машината доколку корисни-
кот е во состојба на замор или изнемоштеност, или кори-
стел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци
што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или
внимание,
5) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите
или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот
на одговорности на операторот спаѓа и проценката на мож-
ните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа
преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја
гарантирате својата, но и безбедноста на другите особе-
но на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
6) Во случај кога во опкружувањето на машината има други
лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата
што се содржани во ова упатство.
B) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1) Кога ја користите машината, секогаш носете отпорни
работни чевли коишто не се лизгаат и долги пантолони.
Не вклучувајте ја машината со боси нозе или отворени
сандали. Избегнувајте да носите ланчиња, бразлетни, об-
лека со делови што се виорат или имаат реси или ленти.
Приберете ја косата доколку е долга. Секогаш ставајте за-
штита за уши.
2) Проверете ја темелно целата површина за работа и от-
странете сe што би можело да биде отфрлено од машината
и да ги оштети сечивото и моторот (камења, гранки, желез-
ни остатоци, коски, итн.).
3) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Бензинот е лесно запалив.
– Ч увајте го горивото во соодветен склад,
– Н аполнете гориво со помош на инка само на отворено и
не пушете во текот на оваа операција, како и секојпат ко-
га се ракува со горивото.
– П олнете гориво пред да го запалите моторот. Никогаш
не дополнувајте гориво или не отворајте го капачето на
резервоарот додека моторот работи или е уште загреан,
– А ко се истури гориво, не палете го моторот, туку прво
отстранете ја машината од местото на истурање и
избегнувајте палење на оган додека не испари целото
истурено гориво и додека испарувањата не се распрснат:
– Секогаш докрај затворајте го капачето на резервоарот и
на садовите со гориво.
4) Заменете ги неисправните придушувачи.
5) Пред употреба, проверете ја машината детално и осо-
бено:
– в о однос на уредот за сечење, проверете дали навртките
и уредот за косење се изабени или оштетени. Заменете
го делот со уредот за косење ако сечивото и навртките
се оштетени или истрошени за да ја одржите рамноте-
жата. Евентуалните поправки треба да се направат во
специјализиран сервисен центар.
– Безбедносната рачка треба да има слободно движење,
без примена на сила и при отпуштање треба да се врати ав-
томатски и бргу во неутрална позиција со што се одредува
застанување на уредот за косење,
6) Периодично проверувајте ја состојбата на акумулаторот
(ако има). Заменете го ако се оштетени куќиштето, капакот
или составните делови
7) Пред да започнете со работа, секогаш поставете ги за-
штитите на излезот (вреќа за собирање, заштита на станич-
ниот испуст или заштита на задниот испуст).
C) ЗА ВРЕМЕ НА УПОТРЕБАТА
1) Не палете го моторот во затворен простор каде мо-
же да се соберат опасни јаглерод моноксидни гасови.
Операциите за палење треба да се изведат на отворено
или во простор којшто добро се проветрува. Запомнете де-
ка издувните гасови се отровни.
2) Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление и при услови на добра видливост.
Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за
работа.
3) Ако е можно, избегнувајте работа на мокра трева.
Избегнувајте да работите кога врне и кога има невреме. Не
користете ја машината кога времето е многу лошо, особено
кога има можност од грмотевици.
4) Секогаш обезбедувајте правилно потпориште на зако-
сени терени.
5) Никогаш не трчајте, туку одете. Избегнувајте да ја влече-
те тревокосачката.
6) Секогаш обрнувајте внимание кога во близина има преч-
ки коишто може да ја намалат видливоста.
7) Косете секогаш надолжно во однос на косината, во пра-
вец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајќи при
тоа на менувањето на правецот, тркалата да не удираат на
пречки (камења, гранки, корења и сл.) со што може да се
предизвика странично лизгање, превртување или загуба
на контролата врз машината.
8) Машината не смее да се користи на закосувања поголе-
ми од 20° без оглед на правецот на движење.
9) Обрнете максимално внимание кога ја влечете тревоко-
сачката кон себе. Погледнете зад неа пред и при движење
наназад за да обезбедите дека нема никакви пречки.
10) Застанете го уредот со сечивото ако тревокосачката
треба да се закоси при транспорт, кога се поминува преку
терени без трева и кога тревокосачката се носи кон тере-
нот на кој треба да се коси и обратно.
11) Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи
во близина на пат.
12) Не користете ја машината кога деловите се оштетени
или ако нема вреќа за собирање, заштита за страничниот
испуст или заштита за задниот испуст.
13) Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини,
дупки или препреки.
1