поголемо растојание спиралата може тешко да се
контролира и може да дојде до нејзино извртување,
виткање или кршење.
Со спиралата и со копчето за вклучување/исклучување
треба да ракува едно исто лице.
Со исклучот на ситуациите, наведени во упатството за
употреба, спиралата не може да се врти наназад.
Вртењето наназад може да доведе до оштетување на
спиралата и служи само за тоа, при зачепување на
цевката повторно да се извади спиралата.
Немојте да ги отстранувате етикетите и плочките со
упатства. Овие плочки содржат важни информации. Ако
плочките повеќе не се читливи или недостигаат,
обратете се до сервисната служба на MILWAUKEE, за да
добиете замена на истите.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со
машината постојано носете заштитни очила. Се
препорачува заштитна облека како: маска за заштита од
прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се
лизгаат, кацига и заштита за уши.
Пршината која се создава при користење на овој алат
може да биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте.
Носете соодветна заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што
можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме
веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте
апаратот повторно додека употребуваното орудие е
блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар
со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете ја
причината за блокирањето на употребеното орудие
имајќи ги во предвид напомените за безбедност.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M 18 за полнење на
батерии од M 18 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој чистач на цевки е рачен уред за чистење на
секундарни издувни цевки на пример во кујни, бањи или
други простории во домаќинството.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
„Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHs), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
102
МАКЕДОНСКИ
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-21:2009 + A1:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Winnenden, 2017-07-24
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката
на батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете
ја повторно. Доколку машината не се вклучи повторно,
можно е батериското пакување да е испразнето. Тогаш
тоа ќе мора да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Обрнете внимание на илустрациите за нормална
употреба.
Спиралата може да се вовлече при вклучен или
исклучен прекинувач. Сепак, полесно може да се
вовлече кога прекинувачот е притиснат.
Вовлечете ја спиралата во цевката со лесно
придвижување напред-назад, се додека не се отстрани
затнувањето.
Спиралата не е прицврстена за внатрешниот барабан.
Внимавајте спиралата да не излегува целосно од
алатката. На отприлика 10 сантиметри од крајот на
спиралата се наоѓа задебелување, кое ја покажува
преостанатата должина на спиралата.
Ако спиралата се потешко се придвижува нанапред,
треба да се активира бравата, со цел спиралата да сe
фати и да се придвижи нанапред. За таа цел,
придвижете ја бравата во соодветната позиција. Така,
спиралата продолжува да се движи и се спречува
блокирање.
УПАТСТВО: Кога алатката ќе се блокира, веднаш да
се пушти прекинувачот
Ослободување на блокиран чистач на цевки:
Бравата да се придвижи во отклучена позиција.
Алатката се привижува во правец наназад и се
повлекува неколку сантиметри, за да се ослободи
спиралата.
Да се исклучи алатката и да се почека да престане со
работа. Потоа, да се вклучи до правец нанапред.
ВНИМАНИЕ! Непрекинатото работење на алатката
може да доведе до оштетување на спиралата и на
приборот.
МОНТИРАЊЕ НА СПИРАЛАТА
Избор на соодветна спирала:
Големина на
тип на спирала
дијаметар на
спирала
цевка
ø 8 mm
задебелување
30–50 mm
ø 10 mm
задебелување
30–60 mm
За монтирање на спиралата обрнете внимание на
илустрациите.
ОПОМЕНА! Спиралата е под притисок и при
монтажата може да излета неочекувано, што може да
доведе до повреди.
Носете заштитни очила или очила со странична
заштита, со цел опасноста од повреди да биде на
најниско можно ниво. Секогаш носете кожни ракавици.
Цврсто држете ја спиралата. Извлечете ја бравата, за да
го откриете внатрешниот барабан со спиралата Цврсто
држете ја спиралата, пред да ја ослободите бравата.
Намотајте ја новата спирала во правец на стрелката
(види барабан) во внатрешниот барабан. Намотајте ја
спиралата во целост во внатрешниот барабан.
Почекајте да се углави барабанот заедно со спиралата.
Извадете го внимателно врвот од спиралата и вовлечете
ја во бравата. Притиснете ја повторно бравата на
барабанот, пред да ја пуштите спиралата. Отстранете ја
заштитната капа од врвот на спиралата и навлечете ги
завртките.
Мали деца може да паднат во садот и да се удават.
Држате го децата подалеку од садот – особено тогаш,
кога внатре има малку течност.
Прочитајте го упатството за употреба. Користете
соодветна заштитна опрема.
При употребата на чистачот на цевки може да дојдете во
контакт со хемикалии, бактерии или други нагризувачки,
токсични или заразни супстанци.
По употребата рацете да се измијат со топла вода и
сапун.
Користете го садот што се вметнува, за да спречите
оштетување на спиралата.
ОДРЖУВАЊЕ
Спиралата да се избрише со крпа и повторно да вметне
во барабанот.
Пред да се складира чистачот на цевки, спиралата
целосно да се извади. Спиралата да се исчисти и
пополека да се намота.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Носете ракавици!
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
103