190 | Македонски
Сопирачката спречува, при отворен затезен лост (7)
погонската единица (12) случајно да се спушти.
Повремено проверувајте ја силата на затегнување на
сопирачката и доколку е потребно подесете ја.
– Проверете, дали вртливото тркалце (11) е во стартна
позиција.
– Со една рака фатете го вртливото тркалце (11), а со
другата рака олабавете го затезниот лост (7) во насока
спротивна на стрелките од часовникот.
– Со помош на вртливото тркалце, подесете ја висината
на погонската единица (12) соодветно на поставениот
алат за вметнување и висината на делот за обработка.
– Повторно прицврстете го затезниот лост (7) во насока
на стрелките од часовникот.
Напомена: затезниот лост (7) има слободен од, за да
можете да го вртите во ергономски поволна позиција или
во позиција со заштеда на простор.
На прицврстениот затезен лост тргнете ја рачката од
погонската единица, свртете ја во саканата позиција и
оставете ја повторно да се врати во претходната
положба.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување
– За активирање на екранот (14) свртете во
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во
позиција
.
– За да го ставите електричниот алат во употреба
свртете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (13) во позиција
Сега може да го поставите бројот на вртежи.
Исклучување
– За завршување на дупчењето свртете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во
позиција
.
или
– За комплетно исклучување на електричниот алат
свртете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (13) во позиција „0".
Напомена: електричниот алат сега е без струја.
Моменталните поставки ќе се избришат.
Quick Stop-функција
Со помош на Quick Stop-функцијата,
електричниот алат може брзо да се исклучи,
доколку на пр. алатот за вметнување се
заглави во делот за обработка.
1 609 92A 4N5 | (25.09.2020)
– Кратко и брзо притиснете на прекинувачот за
вклучување/исклучување (13). Електричниот алат и
екранот веднаш ќе се исклучат.
Напомена: електричниот алат сега е без струја.
Моменталните поставки ќе се избришат.
– За повторно да го вклучите електричниот алат, мора да
го вратите прекинувачот за вклучување/
исклучување (13) во позиција „0".
Потоа повторно ќе може да го вклучите електричниот
алат (прекинувач за вклучување/исклучување (13) во
позиција
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното стартување на електричниот алат по
прекин на струја (на пр. влечење на струјниот приклучок
за време на работата).
– За повторно да го вклучите електричниот алат, мора да
го вратите прекинувачот за вклучување/
исклучување (13) во позиција
Потоа повторно ќе може да го вклучите електричниот
алат (прекинувач за вклучување/исклучување (13) во
позиција
Заштита од преоптоварување
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При прејако оптоварување,
електрониката автоматски го исклучува електричниот
алат.
– За повторно да го вклучите електричниот алат, мора да
го вратите прекинувачот за вклучување/
исклучување (13) во позиција
Потоа повторно ќе може да го вклучите електричниот
алат (прекинувач за вклучување/исклучување (13) во
.
позиција
Поставување на број на вртежи
Пред почетокот на работата, поставете го точниот
u
број на вртежи. Бројот на вртежи мора да биде
соодветен со дијаметарот на дупчење и
материјалот што треба да се дупчи. Доколку се
постави погрешен број на вртежи, алатот за
вметнување може да се заглави во делот за обработка.
При поставувањето на соодветниот број на вртежи,
ориентирајте се според дијаграмот за број на вртежи (6).
Тој го прикажува бројот на вртежи (rpm) во зависност од
дијаметарот на бургијата (Ø во mm) за материјалот челик
(Steel) и алуминиум (Aluminium).
Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзина (21) активирајте
u
го само кога електричниот алат е во празен од.
).
.
).
.
).
Bosch Power Tools