Внимателно прочитајте и придржувајте се на
1( Општи индустриски регулативи за безбедност и здравје,
дел 1910, OSHA 2206, издавач: Superintendent of Documents;
Government Printing Office; Washington DC 20402.
2( Безбедносни правила за преносни алати на компримиран
воздух, ANSI B186.1, издавач: American National Standards
Institute, Inc.; 1430 Broadway, New York, New York 10018.
3( Државни и локални регулативи.
Правилна употреба на алатот
Овој алат е наменет за користење на сите видови материјали,
т.е. метали, дрво, камен, пластика, итн. со помош на
брусна хартија наменета за таа цел. Не го користете овој
алат за никаква друга намена освен наведената, без да се
посоветувате со производителот или неговиот овластен
застапник. Немојте да користите потпорни подлоги кои
имаат работен број на вртежи помал од 3.000 врт./мин. без
оптоварување.
Работни станици
Алатот е наменет за употреба како рачен алат. Се
препорачува алатот да го користите само кога стоите на
цврсто тло. Може да се користи во секаква положба, но пред
секоја таква употреба операторот мора да биде во безбедна
положба, цврсто да го држи алатот, стабилно да стои и да
има предвид дека алатот може да има реакција на вртежниот
момент. Видете го заглавието „Упатства за ракување".
1( Прочитајте ги сите упатства пред да го користите овој алат. Сите оператори мора да поминат целосна
обука за негово користење и да бидат свесни за овие безбедносни правила. Сето сервисирање и сите
поправки мора да ги извршуваат обучени лица.
2( Проверете дали алатот е откачен од доводот на воздух. Изберете соодветна брусна хартија и
прицврстете ја за потпорната подлога. Погрижете се да ја центрирате брусната хартија на потпорната
подлога.
3( Секогаш носете ја потребната опрема за лична
безбедност кога го користите алатот.
4( Пред брусењето, секогаш прво поставувајте го алатот
на работната површина пред да го стартувате. Пред
запирањето, секогаш отстранувајте го алатот од
работната површина. На овој начин ќе го спречите
создавањето жлебови на работната површина поради
преголема вртежна брзина на брусната хартија.
5( Секогаш откачувајте го доводот на воздух од алатот
пред да ја поставите, прилагодите или отстраните
брусната хартија или потпорната подлога.
6( Секогаш стојте на цврсто тло и/или во цврста
позиција и бидете свесни за реакцијата на вртежниот
момент предизвикана од алатот.
7( Користете исклучиво соодветни резервни делови.
8( Секогаш проверувајте дали материјалот што го
брусите е добро прицврстен на место за да се спречи
неговото поместување.
9( Редовно проверувајте го цревото и спојките за
знаци на истрошеност. Немојте да го држите алатот
за цревото; бидете внимателни за да спречите
активирање на алатот кога го држите со поврзан довод на воздух.
10( Не го надминувајте максималниот препорачан воздушен притисок. Користете опрема за лична
безбедност според препораките.
11( Алатот нема електрична изолација. Немојте да го користите алатот онаму каде што постои можност
да дојде во контакт со напон, цевки со гас, цевки со вода, итн. Проверете ја работната површина пред
ракувањето.
12( Бидете внимателни за да спречите подвижните делови на алатот да ја зафатат облеката, врвките,
косата, крпите за чистење итн. Доколку дојде до заплеткување, тоа ќе предизвика телото да биде
повлечено кон работната површина и подвижните делови на машината, што може да биде многу
опасно.
13( Држете ги рацете подалеку од ротирачката подлога за време на употребата.
14( Ако ви се чини дека алатот работи неисправно, веднаш престанете со користењето и договорете
сервисирање и поправка.
15( Не дозволувајте алатот да работи со најголема брзина без оптоварување доколку не сте презеле
мерки на претпазливост за да ги заштитите луѓето во близина и предметите во случај на испаѓање на
брусната хартија или подлогата.
Ставање на алатот во употреба
Користете довод на воздух со чисто подмачкување кој ќе
обезбеди правилен воздушен притисок на алатот од 6,2
bar )90 psig(, кога алатот работи со рачката притисната до
крај. Се препорачува употреба на одобрено црево за воздух
со максимална должина од 10 mm )3/8 in.( x 8 m )25 ft(. Се
препорачува алатот да биде приклучен на доводот на воздух на
начинот прикажан на слика 1.
Не го приклучувајте алатот на систем со воздух ако не е
поставен вентил за прекин на доводот на воздух со кој лесно
може да се ракува и кој е лесно пристапен. Доводот на воздух
треба да се подмачкува. Строго се препорачува да се користи
филтер за воздух, регулатор и подмачкувач )FRL(, како што
е прикажано на слика 1, бидејќи само така на алатот ќе му
обезбедите довод на чист, подмачкан воздух со правилен
притисок. Детални информации за таквата опрема можете да
добиете од вашиот снабдувач. Во случај да не се користи таква
опрема, тогаш алатот треба да се подмачкува рачно.
За рачно да го подмачкате алатот, отстранете го цревото
за воздух и нанесете 2 до 3 капки од соодветното масло за
подмачкување на пневматскиот мотор како што се Fuji Kosan
FK-20, Mobil ALMO 525 или Shell TORCULA® 32 во крајот на
цревото )доводот( на машината. Повторно приклучете го алатот
на доводот на воздух и оставете полека да работи неколку
секунди за да овозможите циркулирање на маслото со помош
на воздухот. Ако алатот се користи често, подмачкувајте го секој
ден, или пак кога работи бавно или губи моќност.
За време на работењето се препорачува воздушниот притисок
во алатот да изнесува 6,2 bar )90 psig(. Алатот може да работи
и при понизок притисок, но никогаш при притисок повисок од 6,2
bar (90 psig).
Упатства за ракување
Кон работната станица
Вентил за испуштање
Кон спојката на
или во близина на алатот
77
Затворен систем на цевки накосен
во правец на протокот на воздух
Крак за
испуштање
Топчест вентил
Филтер
Топчест
Регулатор
вентил
Подмачкувач
Топчест
вентил
Црево
за воздух
Компресор за
воздух и резервоар
Слика 1
Проток на воздух
Сушач на воздух