OBJ_BUCH-2148-002.book Page 164 Friday, January 16, 2015 11:21 AM
164 | Македонски
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Вклучување/исклучување (GST 18 V-LI S)
За вклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „1".
За исклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
Контрола на бројот на удари
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Се препорачува намалување на бројот на удари кога
листот за пила ќе го поставите на делот што се обработува
како и при сечење на пластика и алуминиум.
При долготрајна работа со мал број на удари електричниот
апарат може да се вжешти. Извадете го листот за пила и
оставете го електричниот апарат да се олади околу 3 мин.
така што ќе го оставите вклучен на максимален број удари.
GST 18 V-LI B: Бројот на вртежите на вклучениот
електричен апарат може да го регулирате бесстепено, во
зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување 2.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 се постигнуваат мал број на
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на удари.
GST 18 V-LI S: Со копчето за подесување на бројот на
удари 16 може да го изберете бројот на удари и да го
промените за време на работата.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на температура
за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се
исклучува електричниот уред. При намален број на
вртежи, електричниот апарат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го електричниот уред.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
1 609 92A 15H | (16.1.15)
Совети при работењето
При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш
користете стабилна подлога.
Заштита од допир
Заштитата од допир 13 на куќиштето го спречува
невнимателното допирање на листот на пилата за време
на работниот процес и не смее да се вади.
Пили за вдлабнување (види слика I)
Со пилите за вдлабнување смее да се обработуваат
само материјали како дрво, гипс картон исл. !
За пилата за вдлабнување користете само кратки листови
за пила. Сечење со вдлабнување е возможно само со
закосен агол од 0°.
Поставете го електричниот апарат со предниот раб на
основната плоча 7 на делот што се обработува, без листот
за пила 10 да го допира делот што се обработува, и потоа
вклучете. Кај електричните апарати со контрола на бројот
на удари изберете го максималниот број на удари.
Притиснете го цврсто електричниот апарат на делот што се
обработува и оставете го листот за пила полека да се
вдлабне во него.
Откако основната плоча 7 со целата површина ќе се
постави на делот што се обработува, продолжете да
сечете по должина на саканата линија.
Средства за разладување/подмачкување
При сечење на метал, заради вжештување на материјалот,
нанесете средство за ладење одн.подмачкување по
должината на линијата на резот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Редовно чистете го прифатот за листовите за пила. За го
исчистите, извадете го листот за пила од електричниот
апарат и тропнете лесно со електричниот апарат на рамна
површина.
Јаката нечистотија на електричниот апарат може да
доведе до пречки во функцијата. Поради тоа,
материјалите од кои се создава многу прав при сечењето,
не ги сечете од долу или над главата.
Водечкиот валјак 9 подмачкајте го одвреме-навреме со
неколку капки масло.
Редовно контролирајте го водечкиот валјак 9. Доколку е
истрошен, мора да се замени во овластената
специјализирана продавница на Bosch.
Пластичната лизгачка плоча 6 треба да се замени доколку
е истрошена.
Bosch Power Tools