OBJ_BUCH-1520-005.book Page 148 Wednesday, September 21, 2016 9:55 AM
148 | Македонски
Замена на алатот
Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не
го фаќајте секачот на рендето на рабовите за
сечење. Може да се повредите од острите рабови за
сечење.
Користете само оригинални Bosch HM/TC-секачи за
ренде.
Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2 секачи
и може да се врти. Доколку двата раба на секачот се тапи,
секачот на рендето 18 мора да се замени. HM/TC-секачот
на рендето не смее дополнително да се остри.
Вадење на секачот на рендето (види слика C)
За вртење или менување на ножот на рендето 18 свртете
ја главата на ножот 15, додека не дојде паралелно со
подлогата на рендето 10.
Олабавете ги двата шрафа за прицврстување 17 со
инбус клуч 12 со 1 – 2 вртења.
Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент
16 со лесно удирање со соодветен алат, напр. дрвен
клин.
До едно дрвено парче турнете го странично секачот
на рендето 18 од главата на секачот 15.
Ставање на секачот на рендето (види слика D)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се
обезбедува еднакво подесување на висината при
менувањето одн.вртењето.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот во
затезниот елемент 16 и секачот на рендето 18.
Внимавајте при монтажата на секачот на рендето, дека тој
беспрекорно лежи во водилката на прифатот на затезниот
елемент 16 и да се центрира рамно на страничниот раб од
задната подлога на рендето 10. На крај цврсто зашрафете
ги 2 шрафови за прицврстување 17 со инбус клуч 12.
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
шрафовите за прицврстување 17 добро се налегнати.
Свртете ја главата на секачот 15 со рака и проверете дали
секачот на рендето струже на некое место.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
1 609 92A 2MP | (21.9.16)
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини 1. За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат напр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може
да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување
постојано користете надворешен уред за вшмукување или
вреќичка за прав/струготини.
Надворешно вшмукување (види слика E)
На исфрлувачот за струготини од двете страни може да се
приклучи црево за вшмукување (Ø 35 мм) 19 (опрема).
Цревото за вшмукување 19 поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Сопствено вшмукување (види слика E)
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав/струготини (опрема) 20. Цврсто вметнете ги
држачите на вреќичката за прав во исфрлувачот на
струготини 1. Испразнете ја вреќичката за
прав/струготини 20 навреме, за собирањето на прав да
биде оптимално.
Избор на правецот на исфрлање на струготините
Со лостот за селекција 4 исфрлувачот на струготини 1
може да се подеси на десно или лево. Притиснете го
лостот за селекција 4 додека не се вклопи во крајна
позиција. Избраниот правец ќе се прикаже со ознака со
стрелка на лостот за селекција 4.
Употреба
Видови употреба
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче 2 може бесстепено да се подеси
длабочината на рендосување 0–1,6 mm со помош на
скалата за подесување на длабочината на рендосување 3.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Наполнетата батерија 7 вметнете ја во дршката за
батерија, додека не се вклопи и не легне рамно во
дршката.
Bosch Power Tools