OBJ_BUCH-3494-001.book Page 144 Friday, January 12, 2018 1:41 PM
144 | Македонски
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]") од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 3 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 4.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 3 притиснете на копчињата за
отворање 4 и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Замена на алатот (види ги сликите A и B)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрична несреќа.
При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот за алат, може да се олабави за време на
одвртувањето.
Ставање на алатот за вметнување
GDR 180-LI:
Извлечете ја чаурата за заклучување 2 нанапред, алатот
што се вметнува ставете го до крај во прифатот за алат 1 и
повторно олабавете ја чаурата за заклучување 2, за да го
блокирате алатот за вметнување.
За одвртување користете само битови за одвртувач со
топчест затворач 9 (DIN 3126-E6.3). Другите битови за
одвртувачот 11 може да ги ставите со помош на
универзален држач за битови со топчест затворач 10.
1 609 92A 4AP | (12.1.18)
GDX 180-LI:
Поставете го алатот за вметнување 12 на четириаголниот
прифат за алат 1.
Во зависност од системот, алатот за вметнување 12 ќе се
постави на прифатот за алат со мали движења 1; ова нема
влијание на функцијата/безбедноста.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување 2 нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат 1 и алатот што се вметнува се ставаат во
погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели на две фази:
Зашрафување и Прицврстување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и
мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Прекинувачот за правец на вртење 5 поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот
апарат од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија 3 притиснете ја однапред навнатре
во подножјето на електричниот апарат, додека не се
заклучи батеријата.
Поставете го правецот на вртење (види слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 5
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За зашрафување на шрафови и
прицврстување на мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правец на вртење 5 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 5 на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
6 и држете го притиснат.
Лампата 7 свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 е напола или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6.
Bosch Power Tools