Промена на алат (види слика A)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот за алат, може да се олабави за време на
одвртувањето.
Поставете го алатот за вметнување (11) на
четириаголниот прифат за алат (1).
Во зависност од системот, алатот за вметнување (11) ќе
се постави на прифатот за алат со мали движења (1); ова
нема влијание на функцијата/безбедноста.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Автоматско исклучување ABR (ABR = Auto Bolt
Release) (види слика C)
ABR-функцијата автоматски го исклучува електричниот
алат, ако е олабавена навртката. Автоматското
исклучување спречува да отпадне навртката при
олабавување. Можете да ја активирате и деактивирате
ABR со помош на копчето „Автоматско исклучување
(ABR)" (5). Ако ABR е активирана, LED светилката свети
за „Автоматско исклучување (ABR)" (7). При замена на
батерија останува претходната поставка.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Прекинувачот за правец на вртење (8) поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот алат
од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија (3) ставете ја во подножјето на
електричниот алат, додека не се заклучи батеријата.
Подесување на правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
Bosch Power Tools
вклучување/исклучување (9) е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (8) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (8) на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(9) и држете го притиснат.
Светлото (6) свети доколку прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) е половично или целосно притиснат и
овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Совети при работењето
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот.
Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од
збирот на сите поединечни вртежни моменти постигнати
со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува
по времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој
период, затезниот вртежен момент се зголемува
минимално.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој
потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со
момент клуч.
Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина
или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во
последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се
добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на
кривата одговара на максималниот постигнат вртежен
момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
– Цврстината на завртките/навртките
– Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
– Цврстина на материјалот што се навртува
Македонски | 145
1 609 92A 4VZ | (13.10.2020)