Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Замена на сечилото за пила (види слика A)
За вадење на сечилото за пила (13) подигнете го
странично и извлечете го од брусниот диск (8).
Пред да ставите ново сечило за пила, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусниот диск (8), на пр. со
четкичка.
Површината на брусниот диск (8) се состои од лепенка,
така што сечилата за пила со лепенка може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Цврсто притиснете го сечилото за пила (13) на долната
страна на брусниот диск (8).
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на сечилото за пила (13) да
одговараат со дупките на брусниот диск (8).
За да го зголемите работниот век на брусниот диск,
особено при користење на абразивни мрежи (на. пр.
Bosch M480) можете да поставите заштитна подлога
(опрема) помеѓу брусниот диск и абразивниот материјал.
Избор на брусен диск
Во зависност од употребата, електричниот алат може да
се опреми со брусни дискови со различна цврстина:
– Меки брусни дискови: соодветни за удобно брусење, и
на заоблени површини
– Средно цврсти брусни дискови: соодветни за сите
видови брусење, се поставуваат универзално
– Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен
капацитет на рамни површини
Замена на брусен диск (види слика B)
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови (8).
Извлечете го брусното сечило. Целосно одвртете ја
завртката и извадете го брусниот диск (8). Исчистете ја
површината на новиот брусен диск. Нанесете тенок слој
синтетички подмачкувач на прстенот означен на
брусниот диск. Ставете го новиот брусен диск (8) и
затегнете ја завртката повторно.
Напомена: При поставувањето на брусниот диск
внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во
отворите на брусниот диск.
Bosch Power Tools
Напомена: Оштетениот носач на брусен диск (15) смее
да се замени само од овластена сервисна служба за
електрични алати на Bosch.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво и минерали може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
всисувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав
(види слики D–F)
Ставете ја и притиснете ја целосната кутија за прав (2) на
млазниците за издувување (17) додека не дојде на исто
ниво со алатот.
За да ја испразните кутијата за прав (18), извлечете ја
целосната кутија за прав (2) од млазниците за
издувување (17). Одвртете го адаптерот (19) од кутијата
за прав (18)
и испразнете ја.
Напомена: за да овозможите оптимално всисување
прав, испразнете ја кутијата за прав (18) навремено.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што кутијата за прав (2) ќе
покажува надолу.
Надворешно всисување (види слика G)
Ставете црево за всисување (20) на млазниците за
издувување (17).
Цревото за всисување (20) може да се поврзе и на
корисничкиот интерфејс Click&Clean на адаптерот (19) за
паралелно насочување на цревото до уредот.
Цревото за всисување (20) поврзете го со всисувач за
прав. Прегледот за приклучување на различните видови
на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
Македонски | 161
1 609 92A 9LB | (20.08.2024)