ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Напон на батеријата
Номинална влезна моќност
Време на осветлување (5,0 Ah)
високо ниво
средна ниво
ниско ниво
Светлосен ток
високо ниво
средна ниво
ниско ниво
Индекс на репродукција на боја (CRI) модус дифузн
Температура на бојата
Тежина без батерија
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2.0 Ah ... 12.0 Ah)
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
ВНИМАНИЕ!
Прочитајте ги безбедносните
напомени и упатства. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА
CВЕТИЛКА ЗА АКУМУЛАТОРОТ
Предупредување: никогаш не го насочувајте светлинскиот
зрак директно на лица ниту животни. Не гледајте во
светлинскиот зрак (не правете го тоа ниту од поголема
оддалеченост). Гледањето во светлинскиот зрак може да
предизвика сериозни повреди или губење на силата за
гледање.
Изворот на светлина на оваа лампа не може да се замени.
Кога истиот ќе достигне својот работен век, мора да се
замени целата лампа.
Осигурите се дека светилката на батерија нема да
предизвика штета ако магнетот не може да ја држи
светилката на место.
Не го употребувајте апаратот во влажно опкружување.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Проверете дали предметот на кој треба да се прицврсти
светилката е без нечистотија, масло или други материи
што би можеле да спречат држачот да биде безбедно
прицврстен.
Проверете дали сите магнети ја допираат магнетната
површина.
Проверете дали магнетната површина нема материјали што
би можеле да го спречат прицврстувањето на магнетите.
Пред склопувањето, проверете дали вилиците за стегање
се чисти и во добра состојба. Лошо одржуваните вилици за
стегање може да го нарушат безбедното стегање.
Контурите на вилиците за стегање се дизајнирани да се
приспособат на различни предмети како што се метални
цевки, дрвени греди и метални иглички.
За да се избегне прекумерно абење на вилиците за стегање,
тие секогаш треба да се отвораат пред да се отстрани
светилката.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и
да е зафат врз машината.
66
M18 PAL2
Светилка за акумулаторот
18 V
14 W
6 h
12 h
24 h
2000 lm
1000 lm
500 lm
80
4000 K
2,2 kg
2,6 ... 3,7 kg
-18 °C ... +50 °C
M18B...; M18HB
M12-18; M1418C6
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад
и не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат
старите батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик
од краток спој).
Полнете батерии на полнење само со полначи од истиот
системки асортиман на Milwaukee со таква намена. Не
полнете батерии од други системи.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода.
Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Сијалицата на батерии може да се употребува и како
посебно расветно тело, без притоа да се користи продолжен
кабел.
Не користете го производот на поинаков начин од
наведениот.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од полначот за
батерии.
МАКЕДОНСКИ
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27
°C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво
соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж
на апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата
за употреба пред пуштањето во употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Да не се гледа во вклучен извор на светлина.
Внимание, жешки површини!
Опасност од потфаќање – држете ги рацете
подалеку од областа кадешто можат да бидат
потфатени
Електрична заштита од класа III.
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
Не отстранувајте ги отпадните батерии,
отпадната електрична и електронска опрема како
несортиран комунален отпад. Отпадните батерии
и отпадната електрична и електронска опрема
мора да се собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори
и отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или
продавач за совети за рециклирање и место за
собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да
ги преземаат искористените батерии, како и
отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за
рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на
луѓето доколку не се отстранат на еколошки
компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
67