Македонски
456
2 Совет: Прво тестирајте на невидливо место за да проверите како
реагира детергентот со површината.
3 Држете ја млазницата на приближно 5 cm над површината што сакате да
ја чистите. Притиснете на копчето за прскање за да нанесете раствор за
чистење на површината.
4 Отпуштете го копчето за прскање за да го сопрете протокот на вода.
Совет: Ефективноста на чистењето на местата со многу дамки или многу
извалканите места ќе се подобри ако почекате 3 – 5 минути пред да
започнете со чистењето (чекор 5)
5 Нежно истријте го местото што треба да се чисти. Притиснете надолу на
млазницата и повлечете ја кон себе. Вшмукувањето ќе ги отстрани
нечистотијата и водата со додаден детергент. За дополнително темелно
чистење повторете ја постапката за чистење.