190 | Македонски
Совети
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти
материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на
завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални
делови во електричниот алат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Управување преку апликацијата
Електричниот алат може да се опреми со Bluetooth®-
модул, којшто со безжична технологија овозможува
пренос на податоци до одредени мобилни уреди со
Bluetooth®-интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).
За да може да го користите електричниот алат преку
Bluetooth® потребна ви е Bosch-апликацијата „Bosch
PRO360". Преземете ја апликацијата преку соодветниот
App-Store (Apple App Store, Google Play Store).
Потоа во апликацијата изберете ја потточката „My Tools".
Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите
понатамошни чекори за поврзување на електричниот
уред со крајниот уред.
Откако ќе се воспостави врска со крајниот уред, на
располагање се следните функции:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
– Општи информации и подесувања
– Управување
– Поставка на степени на вртежи
– Поставка на работни режими
Secure Socket Release
Приклучницата може да се заглави кога ги навртувате или
олабавувате завртките и навртките. Ова може значително
да се намали, ако е активирана функцијата „Secure Socket
Release". Електричниот алат накратко ја менува насоката
на вртење на алатот за вметнување во спротивна насока.
Активирајте ја функцијата „Secure Socket Release" преку
апликацијата Bosch PRO360.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Редовно чистете ги отворите за проветрување на
u
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
1 609 92A 8SS | (22.05.2024)
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Bosch Power Tools