Télécharger Imprimer la page

Bosch GDS 18V-750 C Professional Notice Originale page 188

Publicité

188 | Македонски
Држач за појас
Со држачот за појас може да го закачите електричниот
алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе ви бидат
слободни, а електричниот алат ќе го имате на дофат во
секое време.
Употреба
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Подесување на правецот на вртење (види
слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (2)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (2) на лево до крај.
Боја на приказ
Значење
за статус
Зелена
Електричниот алат е вклучен и е подготвен за
употреба
Жолта
Достигната е критична температура
Батеријата е речиси празна
Црвена
Електричниот алат е прегреан
Батеријата е празна
Трепка сино
Електричниот алат е поврзан со мобилен уред/
поставките се пренесуваат
Одредување на број на вртежи
Со копчето за претходно избирање на број на
вртежи (15) може претходно да го изберете потребниот
број на вртежи во 3 степени. Притискајте го копчето (15),
додека саканата поставка сигнализира на приказот за
број на вртежи (16). Избраната поставка е зачувана.
1 609 92A 8SS | (22.05.2024)
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (2) на десно до крај.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(8) и држете го притиснат.
Работното светло (14) свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (8) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Кориснички интерфејс
Корисничкиот интерфејс (7), види слика B, служи за
претходно избирање на бројот на вртежи и на режимот на
работење, како и за прикажување на состојбата на
електричниот алат.
Прикажување на состојбата на електричниот алат
Приказот за состојба на електричниот алат (11) ја
сигнализира актуелната состојба на електричниот алат.
Помош
Исклучете го електричниот алат и оставете го
да се олади.
Наполнете ја батеријата.
Оставете го електричниот алат да се олади.
Наполнете ја батеријата.
Може претходно да го изберете бројот на вртежи преку
апликацијата Bosch PRO360.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Bosch Power Tools

Publicité

loading