OBJ_BUCH-757-011.book Page 257 Wednesday, February 1, 2017 8:52 AM
Полначот држете го подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во полначот го зголемува
ризикот од електричен удар.
Полнете само NiCd/NiMH батерии од Bosch. Напонот
на батеријата мора да одговара на напонот за
полнење на батеријата. Инаку постои опасност од
пожар и експлозија.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
При погрешно користење, може да истече течноста
од пакувањето батерија. Избегнувајте контакт со
неа. Доколку случајно дојдете во контакт со
течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста
дојде во контакт со очите, побарајте лекарска
помош. Истечената течност од батеријата може да
предизвика кожни иритации или изгореници.
Далечински управувач
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ
ОВИЕ УПАТСТВА.
Далечинскиот управувач смее да се поправа само
од страна на квалификуван стручен персонал со
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во функционалноста на далечинскиот
управувач.
Не работете со далечинскиот управувач во околина
каде постои опасност од експлозија, каде има
запаливи течности, гас или прашина. Далечинскиот
управувач создава искри, кои може да ја запалат
правта или пареата.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Ротационен ласер
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на
точни хоризонтални висини, вертикални линии, линии за
израмнување и ласерски точки.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и
надворешен простор.
Bosch Power Tools
Далечински управувач
Далечинскиот управувач е наменет за контрола на
ротациони ласери во внатрешен и надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на компонентите со слики се однесува на
приказот на ротациониот ласер, полначот и далечинскиот
управувач на графичките страници.
Ротационен ласер/полнач
1 Показател за предупредување за удари
2 Копче за предупредување за удари
3 Приказ на автоматика за нивелирање
4 Копче за вклучување-исклучување на ротациониот
ласер
5 Копче за ротационен режим и избор на брзина на
ротација
6 Варијабилен ласерски зрак
7 Приемна леќа за далечинскиот управувач
8 Излезен отвор за ласерскиот зрак
9 Вертикална ласерска линија
10 Ротациона глава
11 Копче за линиски режим и избор на должина на
линиите
12 Приказ на состојба на наполнетост
13 Пакување батерии*
14 Преграда за батерија
15 Копче за заклучување на преградата на батерии
16 Копче за заклучување на пакувањето батерии*
17 Отвор за приклучокот за полнење*
18 Прифат на стативот 5/8"
19 Сериски број на ротационен ласер
20 Натпис за предупредување на ласерот
21 Натпис за предупредување на излезен отвор за
ласерскиот зрак (GRL 300 HV/GRL 300 HVG)
22 Полнач*
23 Струен приклучок на полначот*
24 Приклучок за полнење*
Далечински управувач
25 Копче на далечинскиот управувач за режим на
ротација и избор на брзина на ротација
26 Копче на далечинскиот управувач за режим на линија
и избор на должина на линиите
27 Копче ресетирање за предупредувањето на удари
28 Копче „Вртење во правец на стрелките на
часовникот"
29 Копче „Вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот"
30 Приказ на режим
31 Излезен отвор за инфрацрвен зрак
32 Сериски број
33 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
34 Поклопец на преградата за батеријата
1 609 92A 273 | (1.2.17)
Македонски | 257