Télécharger Imprimer la page

Bosch 06016A1000 Notice Originale page 191

Publicité

OBJ_BUCH-2006-002.book Page 190 Tuesday, February 10, 2015 10:13 AM
190 | Македонски
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на листот за
пилата. Затоа користете само остри и соодветни листови
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на лист за пилата зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински
или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со
вшмукувач за прав.
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник 32 овозможува прецизни резови
по должината на делот што се обработува, како на пример
сечење на ленти со исти димензии.
Поставете ја саканата ширина на надворешниот раб на
основната плоча со помош на скалата на водилките на
паралелниот граничник/адаптерот за шините водилки.
(види слика D)
Сечење со помошен граничник (види слика F)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината на
помошниот граничник.
Сечење со шина водилка (види слика E)
Со помош на шината водилка 34 може да правите
праволиниски резови.
Напомена: Користете ја шината водилка 34 само за
правоаголни резови. При сечење со закосување може да
се оштети шината водилка 34.
Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка
и ја негува површината на делот што се обработува.
Облогата на шината водилка овозможува лесно лизгање
на електричниот апарат.
Зацврстете ја шината водилка 34 со соодветни уреди за
затегање, на пр. менгеме, на делот што се обработува.
Поставете го електричниот апарат со монтираниот
адаптер за шини водилки на шината водилка.
Напомена: Монтирајте го паралелниот граничник/
адаптерот за шините водилки 32 со логото на Bosch
надолу на електричниот апарат.
Шината водилка 34 не смее да биде издадена на
страната на делот што треба да се сече.
Вклучете го електричниот апарати водете го рамномерно
со лесен притисок во правецот на сечење.
Работење со паралелен граничник/адаптер за шините
водилки и црево за вшмукување
Најпрво монтирајте го адаптерот за вшмукување 29 со
цревото за вшмукување 30 и на крај паралелниот
граничник/водечкиот адаптер 32.
1 609 92A 14P | (10.2.15)
Напомена: За фиксирање на паралелниот
граничник/водечкиот адаптер 32 и адаптерот за
вшмукување 29 користете ги само шрафовите
предвидени за таа намена!
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и да се затвора. Пределот околу
заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба
да биде чист. Отстранете ја правта и струготините со
издувување со компресиран воздух или со четка.
Необложените листови за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на
дрвото.
Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
листовите на пилата веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gks 10,8 v-li professional