Télécharger Imprimer la page

Milwaukee WS 10-115 S Notice Originale page 147

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 27
На косо сечени листови за стружење мора да бидат монтирани
на тој начин што нивната површина за стружење нема да
излегува надвор од нивото на работ на заштитната хауба. 
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се почне
со работа со машината.
Секогаш користете ја помошната рачка.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат
цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина.
Работните предмети никогаш да не се водат рачно према
плочата.
Пред пуштањето во погон на машината навртката со
прирабница треба да биде цврсто затегната.
Ако вметнатиот алат не е зацврстен со навртка со прирабница
постои можност вметнатиот алат при закочување да ја изгуби
потребната сила на затегнување.
При прекинато напојување со електрична енергија и вклучена
машина функцијата за сопирање не е можна.
ЕЛЕКТРОНИКА
Машините со аретирачки прекинувач се опремени со заштита
од повторно придвижување. Таа заштита спречува да дојде до
повторно придвижување на машината по снемување струја.
Во случај на повторно започнување со работа, исклучете ја
машината и потоа вклучете ја повторно.
Уредот располага со заштитна функција од преоптоварување
и запира при соодветно преоптоварување. Исклучете ја
машината. Откако машината ќе се олади, уредот може
повторно да се пушти во работа.
МАЗЕН СТАРТ
Електронски контролиран мазен старт за безбедно користење
кој штити од почетното нагло задвижување на машината.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Доколку приклучниот вод на електричното орудие е оштетено,
ќе мора да се замени со специјално подесен вод кој што може
да се добие преку сервисната организација.
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои
од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве
молиме контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте
ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци" е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-3:2011+A2:2013
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-11-12
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носете ракавици!
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Не употребувајте сила.
Само за работи на сечење.
Само за работи на брусење.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно
со домашниот отпад. Електричните и електронсите
апарати треба да се собираат одделно и да се однесат
во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад
со начелата за заштита на околината. Информирајте се
кај Вашите местни служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од електричен
удар не зависи само од основната изолација туку и од
тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни
мерки како што се двоструките изолации или
појачаната изолација. Не постои никаква направа за
приклучување на некој заштитен вод.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
Македонски
145
145
Mak

Publicité

loading