Télécharger Imprimer la page

Bosch GHO 18V-26 Professional Notice Originale page 169

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
Поврзете го цревото за всисување (19) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прашина ќе го
најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Сопствено всисување (види слика G)
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав/струготини (20). Млазниците за всисување
зацврстете ги на исфрлувачот на струготини (3).
Празнете ја вреќичката за прав/струготини (20) редовно,
за да остане оптимално собирањето на прав.
Избор на правецот на исфрлање на струготините
Со рачката за поместување (8) може да се подеси
исфрлувачот на струготини (3) кон десно или лево.
Притиснете го лостот за селекција (8) додека не се
вклопи во крајна позиција. Избраниот правец ќе се
прикаже со ознака со стрелка на лостот за селекција (8).
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче (2) може да се подеси длабочината
на стругање постепено од 0–2,6 mm со помош на скалата
за длабочина на стругање (1) (поделба на
скалата = 0,1 mm).
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (4) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (5) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Држач на рендето при паузирање (види слика H)
Држачот на рендето при паузирање (23) овозможува
запирање на електричниот алат веднаш по работниот
Bosch Power Tools
процес без опасност од оштетување на делот што се
обработува или секачот на рендето. За време на
работниот процес, држачот на рендето при паузирање
(23) се подига нагоре и задниот дел на подлогата на
рендето се отпушта (9).
Напомена: Држачот на рендето при паузирање (23) не
смее да се демонтира.
Процес на рендање (види слика H)
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот алат со предниот дел на подлогата од
рендето (9).
При позиционирање на рендето на делот што се
обработува, притискајте само однапред и не навалувајте
го рендето наназад. Во спротивно, може да се оштети
делот се обработува. Кога ќе дојдете до крајот на делот
што се што обработува, придвижете ја тежината кон
задниот дел за рендето да не се преврти напред и да го
оштети делот што се обработува. Најдобро е да
испробате на примероци.
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
u
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина
по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини,
работете со мала брзина и со постојан притисок на
центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво,
како и при користење на максималната ширина на
рендето поставете мала длабочина на стругање и ев.
намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните
површини и може да доведе до брзо затнување на
исфрлувачот на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар
капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на
електричниот алат.
Вградениот држач на рендето при паузирање (23)
овозможува продолжување на процесот на рендање
откако ќе прекинете, на одреден дел од парчето што се
обработува:
– Електричниот алат со надолу притиснат држач на
рендето при паузирање, поставете го на другото место
од делот што треба да продолжи да се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и
полека турнете го електричниот алат нанапред (➊).
Притоа држачот на рендето при паузирање ќе се
притисне нагоре (➋), така што задниот дел на
подлогата на рендето повторно ќе легне на делот што
се обработува.
– Водете го електричниот алат со иста брзина по
површината што се обработува (➌).
Македонски | 169
1 609 92A 93R | (21.12.2023)

Publicité

loading