Télécharger Imprimer la page

Bosch GHO 18V-26 Professional Notice Originale page 168

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
168 | Македонски
LED-светилки
Значење
температурната заштита на
електричниот алат се активираше
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Замена на сечилото на рендето
Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не
u
го фаќајте секачот на рендето на рабовите за
сечење. Може да се повредите од острите рабови за
сечење.
Користете го само оригиналното Bosch-HM/TC-сечило за
ренде.
Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2
секачи и може да се врти. Доколку двата раба на секачот
се тапи, секачот на рендето (15) мора да се замени. HM/
TC-секачот на рендето не смее дополнително да се остри.
Демонтирање на секачот на рендето (види слика B)
За вртење или менување на ножот на рендето (15)
свртете ја главата на ножот (12) на погонскиот
ремен (27), додека не дојде паралелно со подлогата на
рендето (9).
➊ Олабавете ги двете завртки за прицврстување (14)
со клуч со внатрешна шестаголна глава (11), околу
1–2 вртења. Клучот со внатрешна шестаголна
глава (11) потребен за замена на сечилата на
рендето е сместен во внатрешноста на електричниот
алат и секогаш треба да се чува таму (види слика A).
➋ Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент
(13) со лесно удирање со соодветен алат, на пр.
дрвен клин.
➌ Со дрвено парче турнете го странично секачот на
рендето (15) од главата на секачот (12).
1 609 92A 93R | (21.12.2023)
Монтирање на сечилото на рендето (види слика C)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се
обезбедува еднакво подесување на висината при
менување одн. вртење.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот
во затезниот елемент (13) и секачот на рендето (15).
Внимавајте при монтажата на сечилото на рендето, тој
беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на
затезниот елемент (13) и да се центрира рамно на
страничниот раб од задната подлога на рендето (9). На
крај цврсто затегнете ги 2-те завртки за прицврстување
(14) со клуч со внатрешна шестаголна глава (11).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
се добро вметнати завртките за прицврстување (14).
Свртете ја главата на сечилото (12) на погонскиот
ремен (27) со рака и проверете дали сечилото на
рендето не допира до ништо.
Напомена: Во фиоката (26) може да се остават најмногу
две резервни сечила (15) (види слика J).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (3). За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
u
да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување
постојано користете надворешен уред за всисување или
вреќичка за прав/струготини.
Надворешно всисување (види слика G)
На исфрлувачот за струготини од двете страни може да
се приклучи црево за всисување со адаптер за
всисување (19) (опрема).
Bosch Power Tools

Publicité

loading