Télécharger Imprimer la page

Skil 1215 Notice Originale page 94

Ponceuse à bande
Masquer les pouces Voir aussi pour 1215:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 8
! не користете ја кутијата за прашина/кесата за
прашина/правосмукалката за собирање
прашина кога брусите метал
• Држење и насочување на алатот 6
- држете го алатот паралелно со површината која ја
обработувате
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
! не применувајте многу притисок врз алатот и
оставете ја површината за чистење да ја
заврши работата за вас
- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на
несакани траги од брусењето
- отворите за ладење J 2 држете ги отворени
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• При брусење на необработено дрво, движете го
алатот праволиниски следејќи ги шарите на дрвото
• При брусење на други површини, движете го алатот
со кружни движења
• Поставете ја брусната рамка K (SKIL прибор
2610398244) за изедначување на површината, без
гребаници и жлебови и проверете дали е добро
наместена
! брусната рамка K се загрева при употреба; не
ја допирајте додека не се олади
• Никогаш не користете ја истат брусниот појас и за
дрво и за метал
• Препорачани шмиргли за појасот за пескарење:
груба -
за отстранување боја, за пескарење
исклучително грубо дрво
средна - за пескарење грубо или рамно дрво
фина -
за мазнење дрво, за завршување на
површината на оголено дрво, за мазнење
површини со стара боја
• Користете разни големини на шмиргли кога
површината е груба:
- започнете да пескарите со груба или средна
шмиргла
- завршете со фината шмиргла
• Многу други совети можете да најдете на
www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење J 2)
- со четкичка отстранете ја насобраната прашина
од брусењето
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2002/96/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 8 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот
опишан кај "Технички податоци" е усогласен со
следните стандарди или документи за
стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во
согласност со одредбите во директивите 2004/108/
EG, 2006/42/EG, 2011/65/EУ
• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/
ENG1), 4825 BD Breda, NL
07.08.2013
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 87 dB(A) а нивото на звучна моќност 98
dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација
2,1 м/с² (hand-arm метода; несигурност К = 1.5 м/с²)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може да
доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите
преку одржување на алатот и неговите
делови, одржување на топлината во вашите
раце, и организирање на вашата работа
94

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

12101215 aaF0151210F0151215F0151215aa