90 | Македонски
– Држете го всисувачот малку навален надолу, за да не
испадне правта од контејнерот за прав при отворање
на всисувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување (1) и извадете
го контејнерот за прав (6) од куќиштето на
моторот (5).
– Извлечете го филтерот за груби нечистотии (15) од
филтерот (16).
– Посегнете во отворот (17) на куќиштето на
моторот (5) и извлечете го филтерот (16) на дихтунгот
на филтерот (18).
– Внимателно потчукнете го филтерот (16) над
соодветен сад за отпад.
Исчеткајте ги ламелите на филтерот со мека метла.
Вградувањето се врши по обратен редослед.
Чување
– Ставете ја опремата за всисување во држачот на
всисувачот предвиден за таа намена (8).
– Опционално, користете го држачот за ѕид (19) за да
заштедите на простор при чувањето на всисувачот и
неговата опрема (види слика E).
Дефекти
При недоволна јачина на всисување проверете:
– Дали контејнерот за прав (6) е полн?
▷ (види „Чистење на контејнерот за прав (види
слики C1–C2)", Страница 89)
– Дали филтрите (15)/(16) се запушени со прав?
▷ (види „Чистење на филтерот (види слики D1 – D4)",
Страница 89)
– Дали наполнетоста на батеријата (4) е премногу мала?
▷ (види „Полнење на батеријата", Страница 88)
Редовното празнење на садот за прав и чистењето на
филтерот гарантираат оптимален перформанс на
всисување.
Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина
на всисување, однесете го всисувачот во сервисната
служба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
1 609 92A 7UP | (30.05.2022)
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Всисувачот, опремата и амбалажите треба
да се отстранат на еколошки прифатлив
начин.
Не го фрлајте всисувачот и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари
електрични и електронски уреди и нивната употреба во
националното законодавство, всисувачите што се вон
употреба и дефектните или искористените батерии
според директивата 2006/66/EC мора одделно да се
соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт", Страница 90).
Bosch Power Tools