ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО УПОТРЕБА НА
ДЕЛ - 1.
АПАРАТОТ
Општи предупредувања
Прочитајте го внимателно прирачникот пред да го инсталирате
и користите вашиот уред. Нашата компанија нема да биде
одговорна во случај на злоупотреба.
Следете ги сите инструкции на уредот и во прирачникот, и
чувајте го прирачников на сигурно за да можете да решите
идни можни проблеми.
Овој уред не е наменет да се користи како вграден апарат.
При монтажа кога апаратот не е самостоен, почитувајќи го
потребниот простор за димензиите при употреба, апаратот
ќе работи правилно, но потрошувачката на енергија може
малку да се зголеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ги блокирајте отворите за
вентилација кои се најдуваат во кутијата на уредот или во
вградената структура.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите механички
уреди или други начини за забрзување на процесот на
одмрзнување, освен оние кои се препорачани од
производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите електрични
уреди во внатрешните оддели на уредот, освен доколку не
се од вид кој е препорачан од производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не го оштетувајте колото на
разладувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога го позиционирате уредот,
гледајте кабелот за струја да не биде заглавен или оштетен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да поставувате повеќе
продолжни кабли или утикачи на задниот дел од уредот.
MK -6-