• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови со млака вода во
која сте раствориле сода бикарбона и потоа исплакнете со чиста вода и исушете.
Вратете ги сите делови после чистењ.
• Може да забележите висока температура на страничните панели додека производот
работи. Тоа е нормално.
• За производот да работи ефикасно, мора да има доволен простор за да циркулира
воздухот. Ако сакате да го поставите производот во вдлабнатина во ѕидот, гледајте
да има простор од 100 mm меѓу најгорната површина и таванот и 50 mm меѓу
ѕидовите и страните.
• Ако го поставите апаратот во самостоечка позиција до ѕидот, инсталирајте ги
задните разделници за да се обезбеди максималното можно растојание.
Пред да го користите фрижидерот
• За да овозможите ефикасна работа, при првото користење или
после преместување, вклучете го фрижидерот во струја и оставете
го исправен 3 часа. Во спротивно, може да го оштетите компресорот.
• При првото вклучување може да се појави мирис; мирисот ќе исчезне
кога фрижидерот ќе почне да лади.
Внатрешно осветлување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од струен удар.
• Светилката (светилките) во овој производ и резервните светилки се продаваат
одделно: Овие светилки се наменети да издржат екстремни физички услови во
уредите за домаќинства, како што се температура, вибрации, влажност или се
наменети да сигнализираат информации за работната состојба на апаратот. Тие
не се наменети да се користат за други намени и не се погодни за осветлување
на простории во домаќинства.
MK -13-