OBJ_BUCH-2247-003.book Page 117 Tuesday, September 27, 2016 3:54 PM
Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за брусилки
Користете го електричниот уред само за суво
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
уред го зголемува ризикот од електричен удар.
Внимание, постои опасност од пожар! Избегнувајте
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав. Правта од
брусењето, микро честичките, хартиената кеса (или
филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав)
можат самите да се запалат при неповолни услови, како
на пр. летање на искри при брусење на метали.
Особена опасност постои, доколку правта од
брусењето се измеша со остатоци од лак, полиретан
или други хемиски материјали и доколку парчето што
се бруси се вжешти по долготрајна работа.
Bosch Power Tools
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за суво брусење на дрво,
пластика, шпахтел маса како и лакирани површини.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Комплет кутија за прав (Microfilter System)
3 Квадратна основна плоча (GSS 140-1 A/
GSS 160-1 A Multi)
4 Правоаголна основна плоча (GSS 160-1 A/
GSS 160-1 A Multi)
5 Триаголна основна плоча (GSS 160-1 A Multi)
6 Основна брусна плоча
7 Рачка (изолирана површина на дршката)
8 Завртки за основната плоча (4x)
9 Брусен лист*
10 Заден терминален блок
11 Затезни стремени (2x)
12 Преден терминален блок
13 Алат за дупчење *
14 Млазници за издувување
15 Филтер (Microfilter System)
16 Црево за вшмукување*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
1 609 92A 368 | (27.9.16)
Македонски | 117