312 | Македонски
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да
го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го
водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен
капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Позиција на корисникот (види слика M)
Не застанувајте во една линија со сечилото за пила
u
пред електричниот алат, туку секогаш странично од
сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење (2)
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање (1), доколку таа е затегната.
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (18) и (19).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поместете го рачката на алатот од граничните водилки
(18), додека сечилото за пила не дојде пред делот што
се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(5).
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки (18) и (19) и сечете го делот што
се обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечење без влечење (отсекување) (види слика N)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (1),
доколку истата е затегната. Поместете ја рачката на
алатот до крај во правец на граничните водилки (18) и
повторно затегнете ја завртката за фиксирање (1).
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (18) и (19).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(5).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
1 609 92A 9G4 | (18.01.2024)
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Совети при работењето
Означување на линијата за сечење (види слика O)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на
сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може
точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате
осцилаторниот заштитен капак.
– За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со
прекинувачот (36).
– Насочете ги ознаките на делот што се обработува во
средина на линијата на ласерот.
Напомена: пред сечењето, проверете дали линијата на
сечење е точно прикажана. Ласерскиот зрак може да се
помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Хоризонтален
Вертикален агол
агол на
на закосување
закосување
0°
0°
45°
0°
0°
45° (лево)
45°
45° (лево)
0°
45° (десно)
45°
45° (десно)
Минимални делови за обработка (= сите делови што се
обработуваат, што може да се затегнат со испорачаната
столарска стега (20) лево или десно од сечилото за
пила): 130 x 50 mm (должина х ширина)
Максимална длабочина на резот (0°/0°): 90 mm
Сечење на делови со еднаква должина (види слика P)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина
може да го употребите граничникот за должина (26).
– Олабавете ја завртката за блокирање (57) и поместете
го граничникот за должина (26) на шината-
водилка (58) на саканата должина на делот што се
обработува.
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (57).
Подолги делови за обработка:
– Олабавете ја пеперутка-завртката (59) и извлечете ја
шината-водилка (58) нанадвор до крај.
– Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (59).
– Поставете го граничникот за должина (26) на саканата
должина на делот што се обработува.
Сечење без граничник за должина:
– Олабавете ја завртката за блокирање (57) и поместете
го граничникот за должина (26) на шината-
водилка (58) целосно нанадвор.
Висина x ширина
[mm]
90 x 310
90 x 210
45 x 310
45 x 210
35 x 310
35 x 210
Bosch Power Tools