Télécharger Imprimer la page

AL-KO solo T 22-111.4 HDS-A V2 Manuel D'utilisation page 423

Masquer les pouces Voir aussi pour solo T 22-111.4 HDS-A V2:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 58
Пуштање во употреба
отстрани од местото загадено со гориво а
истуреното гориво мора да се вшмука и
избрише со крпа од подот, моторот и
куќиштето.
Треба да се избегне секаков обид за
стартување сè додека не испарат пареите од
горивото.
Горивото чувајте го само во предвидените
садови.
Користете безоловен бензин, мин. ROZ 91.
Полнење на резервоарот
1. Исклучете ја ако треба тракторската
косилка и извлечете го контактниот клуч
заради сигурност.
2. Почекајте додека моторот не се излади
малку.
Предупредување! Опасност од експлозија
поради запаливо гориво!
3. Отворете го капакот на моторот/
поклопката на капачето за резервоарот за
да пристапите до капачето за
резервоарот.
4. Отворете го капачето на резервоарот и
ставете го горивото.
Внимание! Избегнувајте преполнување
на резервоарот за гориво!
5. Затворете го капачето за резервоарот.
6. Затворете го капакот на моторот/
поклопката на капачето за резервоарот.
5.4
Проверка на притисокот на гумите
Контролирајте го притисокот на гумите во
редовни растојанија.
Исчитајте го потребниот воздушен
притисок на гумите (препорака 1 bar).
НАПОМЕНА 1 PSI = 0,07 bar.
Притисокот на гумите може да се контролира
со вообичаена ножна пумпа за воздух и да се
надополни воздух.
5.5
Поставување на висината на
потпирачите за раце* (09)
*: Опција
1. Отклопете ги потпирачите за раце (09/1)
за најмалку 10° на нагоре (09/a).
Напомена: Нарежаната навртка
најдобро се препознава при целосно
подигнат нагоре потпирач за рака.
2. Вртете ја нарежаната навртка (09/2) на
секој потпирач за рака во насока на
494344_a
стрелката (09/b) додека не се постави
саканата висина:
+: Придвижете го потпирачот за рака
на нагоре.
-: Придвижете го потпирачот за рака
на надолу.
3. Поклопете ги потпирачите за раце
повторно на надолу.
5.6
Проверка на безбедносните уреди
Безбедносните уреди мора да се проверат
пред секое стартување на тракторската
косилка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност при
проверката на безбедносните уреди!
Безбедносната опрема може да се проверува
само од возачкото седиште и кога во близина
нема други луѓе или животни!
Направете ги сите проверки на рамна подлога
така што тракторската косилка да не може
несакано да се тркала.
5.6.1
Проверка на контактниот
прекинувач за кочницата
Контактниот прекинувач за кочницата
гарантира дека моторот не може да се
стартува ако не се притисне кочницата.
1. Моторот е исклучен.
2. Седнете на седиштето на возачот.
3. Отпуштете ја кочницата за паркирање со
притискање на педалата за кочницата
(04/1).
4. Обидете се да го стартувате моторот
(контактен клуч во позиција III).
НАПОМЕНА Моторот не смее да
стартува!
5.6.2
Проверка на контактниот
прекинувач за алатката за косење
Контактниот прекинувач за алатката за
косење гарантира дека моторот не може да се
стартува ако е активирана алатката за
косење.
1. Моторот е исклучен.
2. Седнете на седиштето на возачот.
3. Притиснете ја педалата за кочење (04/1) и
активирајте ја кочницата за паркирање
(04/2).
4. Вклучете ја алатката за косење (02/5,
позиција „1").
423

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Solo t 22-110.4 hdh-a v2127709127727