Информации за бучава/вибрации
А-пондерираното односно измереното А ниво на бучавата изнесува обично:
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-4-3:2021+A11:2021
– Ниво на звучен притисок
– Несигурност K
– Звучна јачина
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN
IEC 62841-4-3:2021+A11:2021
– Вредност на емисијата на вибрации a
– Несигурност K
Деклариранат(е) вкупна(и) вредности на вибрации се
измерени согралсно стандардизирана тест метода и
може да се користат за споредување на еден електричен
алат со друг.
Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации
исто така може да се користат и за да се осигура
прелиминарна проценка на изложеноста.
Емисиите на вибрации и бучава за време на реалната
употреба на алатот може да се разликуваат од
декларираните вредности, во зависност од начинот на кој
се користи електричниот алат, особено од типот на
предметот што се обработува; и потребата да се
воспостават безбедносни мерки за заштита на
операторот, врз основа на проценка на изложеноста на
вибрации за време на реалните услови на употреба
(земајќи ги предвид сите делови од работниот циклус,
како што се времињата кога електричниот алат е
исклучен и времето кога е вклучен, но работи без
оптоварување).
Акумулатори
Bosch продава батериски електрични алати и без
батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на
испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батериите
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Забелешка: Поради меѓународните транспортни
регулативи, Li-ion батериите се испорачуваат делумно
наполнети. За да обезбедите максимален капацитет на
батеријата, пред првата употреба наполнете ја целосно.
Вметнување на батериите
Уредот е дизајниран само за работа со 2 батерии и
u
нема да работи ако една од батериите е целосно
испразнета. Секогаш користете батерии со иста
состојба на полнење и никогаш не комбинирајте
полни и делумно наполнети батерии, бидејќи
Bosch Power Tools
dB(A)
dB
dB(A)
2
m/s
h
2
m/s
времето на работа секогаш се одредува според
најмалку наполнетата батерија.
Забелешка: Користењето на несоодветни батерии може
да доведе до погрешно функционирање или до
оштетување на уредот.
Вметнувајте наполнети батерии. Уверете се дека
батериите се правилно вклопени.
Ставете ги наполнетите батерии во држачот за батерии
додека не кликнат на своето место.
Одстранување батерии
Батериите имаат 2 нивоа на заклучување како би се
спречило испагјање на батериите ако копчето за
ослободување на батеријата ненамерно ќе се притисне.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ги отстраните батериите, притиснете го копчето за
ослободување на батеријата и извлечете ги батериите.
Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто
така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...
LED-светилки
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Трајно светло 1 × зелено
Македонски | 197
Стандарден режим Режим на мулчирање
84
3,0
92
< 2,5
1,5
Капацитет
60–100 %
30–60 %
5–30 %
F 016 L94 629 | (23.10.2023)
79
3,0
89
< 2,5
1,5