Télécharger Imprimer la page

Beko RFNE290L31WN Manuel D'utilisation page 303

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
ешавање на проблеми
Ладилникот работи многу често или многу долго.
• Новиот производ веројатно е поголем од претходниот. Поголемите производи работат
подолго.
• Температурата во просторијата е висока. >>> Производот нормално ќе работи подолго ако
има висока температура во просторијата.
• Производот бил приклучен неодамна или ставена е нова храна. >>> На производот му
треба повеќе време да ја достигне поставената температура кога е вклучен неодамна или
ако се стави нова храна во него. Тоа е сосема нормално.
• Ставена е поголема количина врела храна во производот. >>> Не ставајте врела храна во
ладилникот.
• Вратите се отвораат често или биле оставени отворени подолго. >>> Топлиот воздух
влегува внатре и затоа производот работи подолго. Не отворајте ги вратите многу често.
• Вратата на ладилникот или замрзнувачот е оставена подотворена. >>> Проверете дали
вратите се убаво затворени.
• Производот е поставен на многу ниска температура. >>> Поставете на повисока
температура и почекајте производот да ја достигне прилагодената температура.
• Гумата на врата од ладилникот или замрзнувачот е валкана, изабена, искршена или не
е правилно наместена. >>> Исчистете или заменете ја гумата. Оштетената / искината
гума на вратата предизвикува долга работа на производот за да ја одржува поставената
температура.
Температурата во замрзнувачот е многу ниска додека температурата во ладилникот е
задоволителна.
• Температурата во одделот на замрзнувачот е поставена многу ниско. >>> Поставете
повисока температура за одделот на замрзнувачот и проверете одново.
Температурата во ладилникот е многу ниска додека температурата во замрзнувачот е
задоволителна.
• Температурата во одделот на ладилникот е поставена многу ниско. >>> Поставете
повисока температура за одделот на замрзнувачот и проверете одново.
Храната што се чува во ладилникот е замрзната.
• Температурата во одделот на ладилникот е поставена многу ниско. >>> Поставете
повисока температура за одделот на замрзнувачот и проверете одново.
Температурата во ладилникот или замрзнувачот е многу висока.
• Температурата во одделот на ладилникот е поставена многу високо. >>> Поставката
за температурата во одделот на ладилникот влијае врз температурата во одделот на
замрзнувачот. Почекајте температурата во соодветниот оддел да го достигне потребното
ниво така што ќе ја смените температурата во одделите за ладилникот или замрзнувачот.
• Вратите се отвораат често или биле оставени отворени подолго. >>> Не отворајте ги
вратите многу често.
• Вратата е оставена подотворена. >>> Затворете ја вратата убаво.
• Производот бил приклучен неодамна или ставена е нова храна. >>> Ова е нормално. На
производот му треба повеќе време да ја достигне поставената температура кога е вклучен
неодамна или ако се стави нова храна во него.
• Ставена е поголема количина врела храна во производот. >>> Не ставајте врела храна во
ладилникот.
26 /23 MK
Фрижидер/Упатство за употреба

Publicité

loading