•
Кондензаторот на апаратот
се наоѓа одзади како што е
прикажано. За да постигнете
подобра енергетска ефикасност
со помала потрошувачка на
ел. енергија, повлечете го
кондензаторот кон себе како што
е прикажано на сликата подолу.
Позицијата на кондензаторот
се фиксира на местото преку
механизмот за заклучување на
горните држачи од обете страни.
* ПО ИЗБОР
v
1. Поставете го ладилникот на место
кое овозможува лесна употреба.
2. Поставете го ладилникот подалеку
од извори на топлина, влажни места
или директна сончева светлина.
3. Мора да има соодветна воздушна
вентилација околу ладилникот со
цел да се постигне ефикасна работа.
Ако ладилникот треба да се постави
во вдлабнатина во ѕидот, тогаш мора
да има најмалку 5 цм. растојание од
таванот и најмалку 5 цм од ѕидот.
Ако на подот има килим, ладилникот
мора да е подигнат од подот за 2.5
цм.
4. Поставете го ладилникот на рамни
подови за да се спречи нишање.
All manuals and user guides at all-guides.com
Прилагодување на
ногарките
Ако ладилникот не е избалансиран
Може да го избалансирате
ладилникот со вртење на предните
ногарки, како што е прикажано
на сликата. Аголот каде што има
ногарка, се спушта кога вртите
во правец на црната стрелка
и се подигнува кога вртите во
спротивната насока. Ако некој
би ви помогнал со делумно
подигнување на ладилникот, тоа ќе
ви ја олесни работата.
Менување на светилката за
осветлување
Повикајте овластен сервисер за да
ја смените светилката што служи
за осветлување на ладилникот.
Сијалицата што се користи во овој
уред не служи за осветлување
на соби во домот. Намената на
сијалицата е да му помогне на
корисникот да ја стави храната во
фрижидерот безбедно и удобно.
Сијалиците што се користат во овој
производ треба да ги издржуваат
екстремните физички услови, како
што се температурите под -20° C.
15
MK