Télécharger Imprimer la page

Bosch 060117B400 Notice Originale page 148

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
148 | Македонски
По извршената монтажа на главата за дупчење,
u
повторно извадете ја челичната чивија од дупката.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот алат. Електричните алати означени со
230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на правецот на вртење (види слика G)
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (3) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (3)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и навртување на завртки
притиснете го прекинувачот за правец на вртење (3) на
левата страна надолу и истовремено на десната страна
нагоре.
Лев тек: За олабавување и одвртување на завртки и
навртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење
(3) на левата страна нагоре и истовремено на десната
страна надолу.
Подесување на режимот на работа
Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Дупчење".
1 609 92A 881 | (17.10.2022)
Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Ударно дупчење".
Прекинувачот (2) ќе се вклопи и може да се активира и
додека работи моторот.
Механички избор на брзини
Со прекинувачот за избор на брзина (7) може да
u
ракувате доколку електричниот уред работи со
бавна брзина. Сепак тој не смее да се активира при
мирување, целосно оптоварување или максимален
број на вртежи.
Со прекинувачот за избор на брзини (7) може да
изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за работење со
голем дијаметар на дупчење или за
навртување.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал
дијаметар на дупчење.
Доколку прекинувачот за менување брзини (7) не може
да се навали до крај, свртете го малку погонското
вратило со дупчалката.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(6) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (6) притиснете го копчето за
фиксирање (4).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (4),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) и потоа отпуштете го.
Брзо исклучување (Kickback Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на електричниот
алат и со тоа ја зголемува заштитата при
користење, во споредба со електричните
алати без KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го двапати.
Ако функцијата KickBack Control е дефектна,
u
електричниот алат не се вклучува. Поправката на
електричниот алат смее се изврши само од страна
на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови.
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gsb 20-2 professional