Télécharger Imprimer la page

Bosch 0601069100 Notice Originale page 169

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
Избирање на поставката за приказ на средината
Со копчето Подесување на точноста при мерење (1) можете да утврдите со која
точност ќе се прикаже позицијата на ласерски зрак на приемното поле „средно":
– Точност при мерење „фино" (приказ (g) на екранот),
– Точност при мерење „грубо" (приказ (f) на екранот).
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле (10):
– со помош на приказите за правец за „движење надолу" (d), „движење нагоре" (b)
одн. средина (c) на екранот (4) на предната и задната страна од мерниот уред,
– со LED светилките за „движење надолу" (6), „движење нагоре" (9) одн.
средина (7) на предната страна од мерниот уред,
– опционално со сигнален тон.
Мерниот уред е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак ја преминува
горната половина на полето за прием (10), тогаш светат приказите за правец (b) на
екранот и соодветните LED светилки (9).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со бавен такт.
Движете го мерниот уред во правец на стрелката нагоре.
Мерниот уред е поставен високо: Доколку ласерскиот зрак ја преминува долната
половина на полето за прием (10), тогаш светат приказите за правец (d) на екранот
и соодветните LED светилки (6).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со забрзан такт.
Движете го мерниот уред во правец на стрелката надолу.
Мерниот уред е на средина: Доколку ласерскиот зрак поминува низ полето за
прием (10) на висина на средишната ознака (8), тогаш светат средишната ознака
(c) на екранот и соодветните средни LED-светилки (7).
При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (10) се прикажува со сигнален
тон.
Можете да ја зголемите гласноста или да го исклучите сигналниот тон.
За менување одн. исклучување на сигналниот тон, притискајте на копчето Сигнален
тон (3), додека на екранот не се прикаже посакуваната јачина. При пониска
гласност, приказот за сигнален тон (a) се појавува на екранот со една црта, при
повисока гласност со три црти, а при исклучен сигнален тон се губи.
Независно од поставката за сигнален тон, при секое притискање на копчето на
мерниот уред се слуша краток тон со ниска гласност за потврда.
Bosch Power Tools
Македонски | 169
1 609 92A 7SG | (18.05.2022)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Lr 2 professionalS-278542018856423165140517904