заштитни механизми во мерниот уред. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен
u
персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на мерниот уред.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
u
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред
создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не го принесувајте мерниот уред во близина на пејсмејкери.
Магнетот (5) создава поле, кое може да ја наруши функцијата на
пејсмејкерите.
Држете го мерниот уред подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди
u
чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот (5) може да дојде до
неповратно губење на податоците.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за брзо наоѓање на пулсирачки ласерски зраци.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред
на графичката страница.
(1) Копче за поставување на точност при мерењето
(2) Копче за вклучување/исклучување
(3) Копче за сигнален тон
(4) Екран
(5) Магнет
(6) LED-приказ на правецот за „движење надолу"
(7) LED за средишната ознака
(8) Средишна ознака
Bosch Power Tools
Македонски | 165
1 609 92A 7SG | (18.05.2022)