Bosch GCM 8 SDE Professional Notice Originale page 316

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 8 SDE Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 37
316 | Македонски
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Лостот (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика S1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со
дршката (9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот за обработка.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (40).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување (види слика S2)
– Свртете ја завртката за подесување (56) со соодветен
одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави
рамно по целата должина на линијата на сечење на
делот што се обработува.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика T1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (16).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (12).
Подесување (види слика T2)
– Олабавете го затезниот лост (41).
– Притиснете го граничникот (44) сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (58) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затезниот лост (41).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник (58).
Доколку по подесувањето, агломерот  не е во линија со 0°
ознаката на скалата (30) олабавете ја завртката (57) со
обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по
должина на 0° ознаката.
1 609 92A 5U6 | (14.10.2020)
Подесување на вертикалниот стандарден агол на
закосување 45° (лево)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Лостот (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива гранична водилка (15).
– Свртете го левиот граничник (29) додека
стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на
ознаката со стрелка.
– Олабавете го затезниот лост (41).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево
додека завртката-граничник (59) не налегне на
граничникот (29).
Проверка (види слика U1)
– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила (16).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (12).
Подесување (види слика U2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (59) со обичен прстенест или вилушкаст
клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник (59) навнатре или
нанадвор додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затезниот лост (41).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник (59).
Ако агломерот (42) и (31) по подесувањето не е во една
линија со 45°-ознаките на скалата (30), проверете ја уште
еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Вертикален стандарден агол на закосување 45°
(десно)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Лостот (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја десната подеслива гранична водилка (15).
– Извлечете го граничникот (44) целосно нанапред.
– Свртете го десниот граничник  додека стандардниот
агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со
стрелка.
– Олабавете го затезниот лост (41).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево
додека завртката-граничник (60) не налегне на
граничникот .
Проверка (види слика V1)
– Поставете го агломерот 135° и ставете го на масата за
пила (16).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (12).
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières