Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Надворешно всисување
За всисување, на исфрлувачот на струготини (2) може да
приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).
– Поврзете го цревото за всисување на прав со
исфрлувачот на струготини (2).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Монтажа со завртка со внатрешна шестоаголна глава
(види слики B1−B4)
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(46) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава (34) и истовремено притиснете ја блокадата за
вретеното (45), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (45) и
одвртете ја завртката (46) во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (47).
– Навалете го заштитниот капак со повратен механизам
(11) до крај наназад.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (12).
Bosch Power Tools
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (11)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (49).
– Поставете ги стезната прирабница (47) и завртката со
внатрешна шестаголна глава (46). Притиснете ја
блокадата на вретеното (45) додека не се вклопи и
затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтажа со SDS-болцни (види слика C)
При вертикално сечење со закосување и користење
u
на SDS-болцни (50), пред сечењето, со помош на
соодветно подесување на граничникот за
длабочина (32) , мора да се осигурите дека SDS-
болцните во ниеден момент нема да се допираат до
површината на делот што се обработува. На тој
начин се спречува оштетување на SDS-болцните и/или
делот за обработка.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (45) и
одвртете ги SDS-болцните (50) во правец на стрелките
на часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (47).
– Навалете го заштитниот капак со повратен механизам
(11) до крај наназад.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (12).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(11). Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (49).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Македонски | 311
1 609 92A 5U6 | (14.10.2020)