• Редовно проверувајте дали деловите се оштетени
или изабени и поправете/заменете ги ако е
неопходно
• Острење на сечивата
- извадете сечива за косење пред острење
- острете ги сечивата со мала и мазна турпија кога
ќе се оштетат од остар предмет
- сепак, ви препорачуваме обучено лице да ги остри
сечивата
- подмачкајте ги сечивата по острење
• Чување (
- чувајте ја машината во затворен простор на суво
и затворено место и подалеку од дофат на деца
- внимателно поставете ја шината за складирање L
на ѕид со 4 шрафа (не се доставуваат) и
порамнете хоризонтално
- ставете ја заштитата за сечивото M 2 кога ја
одложувате машината
- подмачкајте ги сечивата пред да го одложите
алатот
• Доколку алатот/полначот и покрај внимателното
работење и контрола некогаш откаже, поправката
мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за
електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот или
полначот нерасклопен, заедно со
сметкопотврдата, до вашиот продавач или
најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на
www.skil.com)
- ако полначот се расипе, испратете ги и полначот и
батеријата на застапникот или во сервис на SKIL
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
• Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот ако
истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
★ Машината работи со прекини
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
- оштетување на прекинувачот за вклучување/
исклучување -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
★ Моторот работи но сечивата не се движат
- внатрешен дефект -> контактирајте со
продавачот/ сервисерот
★ Сечивата се врели
- сечивата се тапи -> наострете ги
- сечивата имаат запци -> проверете ги сечивата
- има преголемо триење заради недостаток на
подмачкувач -> подмачкајте ги сечивата
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати,
батерии, уреди или амбалажа преку нивно
фрлање во домашното ѓубре (само за земјите на
ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот ! ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
! извадете ја батеријата пред да ја фрлите
машината
• Вадење/фрлање на батериите )
! извадете ги батериите само кога ќе бидат
сосема испразнети
- заштитете ги терминалите на батеријата со трака
за изолирање за да спречите краток спој
- фрлете ја батеријата во овластен центар за
собирање батерии
! батериите може да експлодираат ако се
изложат на оган и затоа никако не палете ја
батеријата
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот
опишан кај "Технички податоци" е усогласен со
следните стандарди или документи за
стандардизација: EN 60335, EN 60745, EN 61000, EN
55014 во согласност со одредбите во директивите
2006/95/EG, 2004/108/EG, 2006/42/EG, 2000/14/EG,
2011/65/ЕУ
• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/
ENG1), 4825 BD Breda, NL
20.02.2014
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 56 dB(A) а нивото на звучна моќност 76
dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација
<2,5 м/с² (hand-arm метода; несигурност К = 1.5 м/с²)
• Измерено во согласност со 2000/14/EG (EN/ISO
3744), гарантираното ниво на бука LWA е пониско од
79 dB(A) (постапка за проценка на усогласеноста
согласно Додаток V)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може да
доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
129
11