спој. Краткиот спој кај батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
d) При погрешна примена може да излезе течност
од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа.
При случаен контакт, измијте се со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително. Течноста која
може да излезе од акумулаторот може да доведе до
надразнување на кожата и изгореници.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја
само на обучен, стручен кадар на овластен
сервисер, и само со оригиналните резервни
делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
СПЕЦИФИЧНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА
БЕЗЖИЧНИТЕ НОЖИЦИ ЗА ГРМУШКИ/ТРЕВА
ОПШТИ
• Овој алат е наменет за употреба за лица (вклучувајќи
и деца) со намалени физички, сензорски или
ментални способности или со помало искуство и
знаење, и доколку лицето задолжено за нивна
безбедност не им даде соодветна помош и упатство
за за тоа како да се користи алатот
• Обезбедете децата да не си играат со алатот
• Користете ја машината само на дневно светло или со
соодветно вештачко осветлување
• Не поткаструвајте жива ограда кога е мокра
• Држете ги рацете и стапалата подалеку од сечивото,
особено кога ја вклучувате машината
• Никогаш не работете со машината во непосредна
близина на луѓе (особено деца) и животни
• Корисникот е одговорен за несреќните случаи или
штетите што ќе се предизвикаат кај други лица или
на нивниот имот
ПРЕД УПОТРЕБА
• Се препорачува практична обука пред да ја
користите машината за првпат
• Секогаш проверувајте го напонот на плочката со
податоци за типот на полначот
• Проверувајте ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не
отворајте ја машината сами
• Пред употреба, темелно проверете ја областа за
поткастрување и отстранете ги сите страни тела што
може да се заплеткаат во сечивата за косење (како
камења, клинци, жици, метални потпори за
растенијата)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
• Секогаш носете долги пантолони и ракави и цврсти
чевли кога работите со машината
• Заземете безбедно држење при работа (не посегајте
се, особено кога користите скалило)
• Држете го алатот само за изолираните површини
за зафаќање бидејќи сечивата може да дојдат во
контакт со сокриените жици или со кабелот (ако
дополнителната опрема за сечење и зацрстувачите
дојдат во контакт со жица под напон може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат електричен удар на операторот)
• Држете го кабелот (продолжниот) подалечу од
областа за поткастрување (кабелот може да се
сокрие во грмушките во текот на работата и
сечивата да го пресечат случајно)
• Одржувајте ги сите делови на телото подалеку
од сечивата и не вадете го поткастрениот
материјал или не држете го делот за
поткастрување кога се движат сечивата;
проверете дали прекинувачот е исклучен кога
чистите заглавен материјал (момент на
невнимание при работата со машината може да
доведе до лична повреда)
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, апаратот треба веднаш да се исклучи и да се
извлече приклучникот од мрежната приклучница
ПО УПОТРЕБА
• Носете ја машината за рачката со застанати
сечива и при транспортирање или складирање
на машината, секогаш ставајте је заштитата за
сечивата (правилното ракување со машината ќе го
намали ризикот од можни лични повреди
предизвикани од сечивата)
ПОЛНЕЊЕ/АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
• Батеријата полнете ја исклучиво со испорачаниот полнач
• Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
• Не изложувајте го алатот/полначот на дожд
• Секогаш чувајте ги апаратот/полначот во просторија
на температура пониска од 40°C и повисока од 0°C
• Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за таа
цел треба да се предаде апаратот и полначот во
овластениот SKIL сервис
• Полначот не треба понатаму да се користи ако е
оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш да
се замени кабелот во овластен SKIL сервис или
мрежната приклучница
• Не расклопувајте ги полначот ниту алатот
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
ПОЛНАЧОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Не изложувајте го алатот/полначот на дожд
5 Предупредување! По исклучување на машината,
сечивото продолжува да се движи уште неколку
секунди
6 Обрнете внимание на ризикот од повреда што
може да го предизвика отфрлениот остаток од
косењето (присутните лица да стојат на безбедно
растојание од местото на работа)
7 Користете го полначот само во затворен простор
8 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
9 Автоматско исклучување кога ќе се прегрее
полначот (термичкиот осигурувач паѓа, па полначот
станува бескорисен)
0 Погрешниот поларитет на спојот на полначот може
да предизвика проблем (полнете ја батеријата само
со полначот што сте го добиле со апаратот)
! Не го фрлајте полначот во домашниот отпад
@ Не ја фрлајте батеријата во домашниот отпад
127