OBJ_BUCH-1682-004.book Page 159 Friday, August 19, 2016 2:34 PM
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Користете исклучиво оригинални резервни делови на
Bosch.
Редовно чистење
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ја спојницата за
црево 7 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ја цврсто спојницата за
црево.
– Честичките вода и нечистотија што ги содржи
компресираниот воздух може да предизвикаат
создавање на р'ѓа и истрошеност на ламелите,
вентилите итн. За да се спречи ова, во доводот за
воздух 6 треба да капнете неколку капки моторно
масло. Повторно приклучете го пневматскиот алат на
напојување со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 157) и оставете го да
работи 5–10 с, додека не го соберете маслото што капе
со една крпа. Доколку пневматскиот алат не се
користи подолго време, оваа постапка треба да ја
повторите.
Редовно одржување
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање.
На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
– Ламелите на моторот треба редовно да се контролираат
од стручен персонал и доколку е потребно да бидат
заменети.
– По околу 100000 зашрафувања подвижните делови на
спојката, намастете ги со неколку капки моторно масло
SAE 10/SAE 20, лизгачките и ротирачките делови
подмачкајте ги со Molykote маст. Потоа проверете го
подесувањето на спојката.
– По секое одржување проверете го бројот на вртежи со
помош на уред за мерење на бројот на вртежи и
проверете дали пневматскиот алат има зголемени
вибрации.
Подмачкување на пневматски алати, што не спаѓаат во
серијата CLEAN
Кај сите пневматски алати на Bosch, што не спаѓаат во
серијата CLEAN (специјален мотор со компресиран
воздух, кој функционира со обезмастен компресиран
воздух), компресираниот воздух што струи треба
Bosch Power Tools
постојано да се меша со маслена магла. Потребниот
подмачкувач за компресиран воздух се наоѓа на
единицата за одржување на компресиран воздух на
пневматскиот алат (деталите за тоа може да ги добиете кај
производителите на компресори).
За директно подмачкување на пневматскиот алат или за
мешање на единицата за одржување треба да користите
моторно масло SAE 10 или SAE 20.
Опрема
За комплетната квалитетната програма на прибор можете
да се информирате на интернет на www.bosch-pt.com или
кај вашиот добавувач.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на пневматскиот алат.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Пневматскиот алат, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
Прописно отстранете ги ламелите од моторот!
Ламелите од моторот содржат тефлон. Не загревајте
над 400 °C, бидејќи може да настане пареа која е
штетна по здравјето.
Доколку вашиот пневматски алат не е повеќе употреблив,
предадете го во центар за рециклажа или пратете го во
овластената сервисна служба на Bosch.
Се задржува правото на промена.
1 609 92A 37L | (19.8.16)
Македонски | 159