OBJ_BUCH-1682-004.book Page 157 Friday, August 19, 2016 2:34 PM
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека производот опишан
во „Технички податоци" е сообразен со сите релевантни
одредби на директивата 2006/42/EG вклучително и
нивните промени, како и со следните норми:
EN ISO 11148-6.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Уреди за безбедно ракување
Пневматските алати, што се користат со вртежен момент
>4 Nm, мора да се користат со дополнителна дршка или со
затезен уред во границите на 4.
Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување или за затегање, внимавајте
на тоа, алатот најпрво да го прицврстите во уредот,
пред да го приклучите на напојување со воздух. На
тој начин нема невнимателно да го употребите.
Проверете дали дополнителната дршка или уредот за
затегање цврсто го држи пневматскиот алат.
Не затегајте надвор од границите.
Уред за закачување
Со обрачот за закачување 6 може да го прицврстите
пневматскиот алат на уред за закачување.
Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
закачување и куките на уредот за закачување.
Уред за затегање
– Во наведеното поле на затегање 4, пневматскиот уред
може да го прицврстите на уред за затегање. Доколку е
возможно користете го целото поле на затегање. Колку
се помали границите на затегање, толку појака ќе биде
моќта на затегање.
Дополнителна дршка
– Вметнете ја дополнителната дршка 8 во полето на
затегање 4.
Дополнителната дршка 8 може да ја вртите по желба, за да
си овозможите безбедна и неуморна работа.
– Вртете ја пеперутка-завртката за подесување на
дополнителната дршка во правец спротивен на
стрелките од часовникот и свртете ја дополнителната
дршка 8 во саканата позиција. Потоа свртете ја
пеперутка-завртката повторно во правец на стрелките
на часовникот.
Bosch Power Tools
Воздуховод
Со воздуховодот може да го одведувате издувниот воздух
низ едно црево за одвод на воздух надвор од вашето
работно место и истовремено да постигнете оптимално
придушување на звукот. Со тоа ќе ги подобрите работните
услови, бидејќи вашето работно место повеќе нема да
биде извалкано со воздух кој содржи масло или прав одн.
струготини.
Централен воздуховод (види слика A)
– Олабавете го држачот за 10 цревото за довод на воздух
11, и зацврстете го цревото за довод на воздух на
спојницата за црево 7, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
– Вметнете го цревото за одвод на воздух (централно) 9,
кој го одведува издувниот воздух од вашето работно
место, над цревото за довод на воздух 11. Потоа
приклучете го пневматскиот алат на напојувањето со
воздух (види „Приклучок на напојувањето со воздух",
страна 157) и навлечете го цревото за одвод на воздух
(централно) 9 преку цревото за довод на воздух на
крајот од уредот.
Приклучок на напојувањето со воздух
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
– Пред приклучувањето на напојување со воздух за
пневматските алати, повеќепати активирајте го лостот
10 со стартот за лост.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат (види слика B)
– Зашрафете спојница за црево 7 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 6.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 7 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 6 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
1 609 92A 37L | (19.8.16)
Македонски | 157