214 | Македонски
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (види слики A1 - A2)
Батеријата (9) има два степени на блокирање, што
спречуваат, да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата
(14). Се додека е вметната батеријата во електричниот
уред, таа се држи во позиција со помош на пружина.
За вадење на батеријата (9) притиснете на копчињата за
отклучување (14) и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата (жолта LED
светилка)
Приказ за
Значење
наполнетост
на
батеријата
(8)
Трепкаво
Полнење на батеријата:
Можни се само уште 6–8 завртувања.
светло +
звучен
сигнал
Трајно
Капацитетот не е доволен за ново
светло
завртување или електричниот алат е
преоптоварен:
Електричниот алат не може да се вклучи.
– Извадете ја батеријата и ставете ја
целосно наполнетата батерија.
Трепкаво
Електричниот алат е прегреан и надвор од
употреба:
светло
– Почекајте додека трепкањето не
престане автоматски по некое време,
пред повторно да го вклучите
електричниот алат.
Работна околина и складирање
Електричниот алат е исклучиво наменет за употреба во
затворени простории.
За беспрекорна работа, дозволената околна температура
треба да биде меѓу 0 °C и +45 °C, при дозволена
1 609 92A 4R1 | (21.02.2019)
релативна влажност на воздухот меѓу 20 и 95 % без
кондензација.
Уред за закачување (види слика B)
Со држачот за закачување (15) може да го прицврстите
електричниот алат на уред за закачување.
– Поставете го држачот за закачување (15) на
електричниот алат и нека се вклопи во процепот (16).
Во зависност од тежиштето на електричниот алат,
може да ги искористите предните или задните отвори.
Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
u
закачување и куките на држачот за закачување.
Подесување на работното светло (види слика
C)
– Притиснете го прстенот за обележување (17) со тенок
одвртувач, шпатула или слично.
– Притиснете го сигурносниот прстен (18) со клешти за
сигурносен прстен наназад на телото на куќиштето.
Двете половини на телото на LED-држачот (12), кои го
опфаќаат работното светло (13), сега може да се
постават во која било сакана позиција.
– Внимавајте на тоа, да не го оштетите кабелот на
работното светло и вметнете го, без да го виткате, во
предвидената шуплина (19) во телото на куќиштето.
– Повторно опфатете го работното светло (13) со двете
тела на куќиштето на LED-држачот (12).
– Повторно притиснете го назад сигурносниот прстен
(18) и прстенот за обележување (17) во првобитната
позиција.
Монтирање на аголната глава на одвртувачот
(види слика D)
Важи за следните типови:
ANGLE EXACT ION 8-1100 | 3-500 | 15-500 | 23-380 |
30-290
Кај овие индустриски батериски аголни одвртувачи
најпрво мора да се монтира соодветна аголна глава на
одвртувачот (види „Технички податоци", Страница 211).
– Држете го цврсто електричниот алат со вилушкаст клуч
(21) на површината на клучот (4) на прирабницата на
аголната глава.
Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на
u
телото на куќиштето.
– Поставете ја аголната глава на одвртувачот (3) во
саканата позиција на прирабницата и со вилушкастиот
клуч (20) цврсто завртете ја преклопната навртка на
површината на клучот (5).
Притоа, со вилушкастиот клуч (21) држете наспроти
прирабницата на аголната глава.
Подесување на аголната глава на одвртувачот
Аголната глава на одвртувачот (3) може да ја подесите во
вкупно осум позиции.
Bosch Power Tools