Кабелот за етернет е изборен додаток. За да купите кабел за етернет, контактирајте со овластен продавач.
ЧПП
Како да ги вратам фабричките поставки?
Кога насочувачот е вклучен, притиснете го копчето за Ресетирање околу 3 секунди со остар предмет додека
сијаличката за напојување не почне да трепка. Враќањето на фабричките поставки ќе ги обнови поставките на
стандардните вредности. Може да ги конфигурирате повторно откако насочувачот ќе се обнови.
Што да направам ако ја заборавам лозинката за Wi-Fi или лозинката за најавување за
страницата за управување преку веб?
Вратете го насочувачот на фабричките поставки, па користете ги стандардната лозинка и лозинката за
најавување за Wi-Fi за да се обидете повторно.
Што да направам ако сијаличката за јачина на сигналот свети црвено или ако не може да
се воспостави поврзување на интернет?
1 Проверете дали е ставена SIM-картичката. Видете во делот Поставување за точната големина на SIM-
картичката и за правилниот начин на ставање во отворот.
2 Ако проблемот продолжи да се појавува, вратете го насочувачот на фабричките поставки и обидете се
повторно.
3 Контактирајте со операторот за да проверите дали SIM-картичката функционира. Ако се работи за нова
картичка, проверете дали е активирана.
Што да направам ако брзината на интернет е мала?
1 Проверете ја сијаличката за јачина на сигналот на насочувачот. Ако покажува дека сигналот е слаб,
приспособете ја насоката на насочувачот или преместете го поблиску до прозорецот за да го подобрите
приемот на сигналот.
2 Ако уредот е поврзан на насочувачот преку Wi-Fi, приспособете ја положбата на уредот за да добиете подобар
сигнал.
3 Префрлете на Wi-Fi на 5 GHz ако поддржува уредот.
4 Престартувајте ги насочувачот и уредот, па обидете се повторно.
5 Проверете дали сте го достигнале ограничувањето за податочен сообраќај за месецот. Ако сте го достигнале,
операторот може да ја ограничи брзината на интернетот.
Зошто не можам да пристапам до страницата за управување со насочувачот преку веб?
1 Уверете се дека компјутерот е поврзан со насочувачот преку кабел за етернет или преку Wi-Fi.
2 Уверете се дека компјутерот е поставен автоматски да добива ИП-адреса и адреса на сервер DNS.
3 Престартувајте го прелистувачот или обидете се со друг прелистувач.
4 Ако проблемот продолжи да се појавува, вратете го насочувачот на фабричките поставки.
Зошто содржината што се прикажува на страницата за управување преку веб не е
ажурирана?
Во зависност од кешот на прелистувачот, содржината за уредот на страницата за управување преку веб може да
не е ажурирана. Рачно исчистете го кешот на прелистувачот (на пример, отворете го прелистувачот и изберете
217