• Кога сијаличката за Wi-Fi свети постојано, Wi-Fi е овозможено. За да овозможите или оневозможите Wi-Fi,
видете ја страницата за управување со насочувачот преку веб.
• Не заборавајте веднаш да ги промените името и лозинката на мрежата Wi-Fi на страницата за
управување со насочувачот преку веб за да спречите неовластен пристап до мрежата Wi-Fi. Откако ќе ја
промените лозинката, треба да се поврзете повторно на мрежата Wi-Fi на насочувачот.
Управување со насочувачот
Може да управувате со насочувачот преку страницата за управување преку веб. Погледнете ја етикетата на
долниот дел од насочувачот за стандардните ИП-адреса, лозинка и друго.
Повеќе информации може да најдете на страницата за управување преку веб.
• Не заборавајте веднаш да ја промените стандардната лозинка за најавување на страницата за
управување преку веб за да спречите неовластени корисници да ги променуваат поставките на
насочувачот.
• Исто така, може да управувате со насочувачот преку апликацијата за управување со уредот. Скенирајте
го QR-кодот подолу за преземање.
Изборни конфигурации
Карактеристиките што се опишани во овој дел се само за информативна намена. Можно е насочувачот да не ги
поддржува сите овие карактеристики.
Поврзување повеќе уреди
Може да поврзете компјутер или фиксен телефон со насочувачот за да пристапите на интернет, да повикувате и
друго.
Пристапување на интернет преку порта за етернет
Може да го поврзете насочувачот со порта за етернет монтирана на ѕид со користење на кабел за етернет за да
се поврзете на интернет.
Конфигурирајте ги соодветните поставки на страницата за управување преку веб пред да се поврзете на интернет
преку порта за етернет. За подетални информации, контактирајте со операторот.
216