Skil 1766 Notice Originale page 100

Marteau perforateur
Masquer les pouces Voir aussi pour 1766:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
• Во случај на ненадејна блокада на бургијата, со
создавање на повратни сили кај алатот, веднаш
треба да го исклучите алатот
• Внимавајте на создадените сили кај алатот, за време
на блокадата (особено при дупчење метал); алатот
секогаш да се држи за страничната дршка G 2 и
да се завземе сигурен став
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Вклучено/Исклучено 6
• Контрола на максималната брзина 7
Со тркалото B максималната брзина може да се
приспособи од ниска до висока (1-6)
• Подесување на режимот за работа 8
! подесувањето на режимот на работа се врши
само кога алатот е исклучен и приклучокот е
изваден од струја
- притиснете го копчето C за да откочите
прекинувачот D
- најпрво подесете го прекинувачот D на саканиот
режим додека не кликне во положбата
- потоа подесете го прекинувачот E на саканиот
режим
1 = нормално дупчење/навртување
2 = вибрациско дупчење
3 = длабење
! почнете со работа само ако прекинувачот D е
заклучен
- при дупчење во дрво, метал и пластика, како и
навртување, користете соодветен адаптер
(погледнете: Совети за примена)
- механизмот со чеканот се активира со благ
притисок на алатот, додека сврделот се наоѓа во
допир со материјалот кој се обработува
- треба малку време додека механизмот со чеканот
не достигне целосна моќност за удирање
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
• Промена на бургиите 9
! исчистете го и намачкајте го SDS+ приборот со
масло пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање F 2 наназад и
вметнете го приборот во SDS+ главата, вртете ја и
туркајте го приборот додека не го затегнете;
приборот сам се затегнува автоматски
- повлечете го приборот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- извадете го приборот, така што ќе а повлечете
наназад главата за стегање F
! SDS+ приборот бара неограничена слобода на
движењето, која предизвикува ексцентрична
работа со алатот во празен од; за време на
работата, таа сама се центрира; ова нема
влијание врз прецизноста на дупчењето на
отворот
! не употребувајте оштетени бургии/длета
• Безбедносен механизам
За време на блокадата на приборот, се прекинува и
работата на вретенното
- веднаш исклучете го алатот
- отстранете го блокираниот прибор
- одново вклучете го алатот
• Приспособување на длабочината на дупчењето 0
• Држење и насочување на алатот !
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- алатот секогаш држете го за страничната
дршка G 2 (може да се приспособува, како на
цртежот)
- отворите за ладење H 2 држете ги отворени
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете соодветни бургии @
! употребувајте само остри бургии/длета
• При дупчење во дрво, метал и пластика, како и
навртување, употребувајте соодветен адаптерот
(SKIL прибор 2610395660) #
- исчистте го и намачкајте го адаптерот со масло
пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање F 2 наназад и
вметнете го адаптерот во SDS+ главата, вртете ја
и притискајте го адаптерот додека не го стегнете;
адаптерот сам се затегнува автоматски
- повлечете го адаптерот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- подесете го прекинувачот D 2 за нормално
дупчење (подесувањето се врши само кога
алатот е исклучен и приклучокот е изваден од
струја)
• При дупчење во метал
- најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да
издупчите поголема дупка
- бургијата подмачкувајте ја со масло од време на
време
• При навртување на штрафовите на краевите на
дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да
се избегне разлистување на дрвото
• Дупчење на дрво без разлистување $
• Дупчење на дрво без прашина %
• Дупчење на таван без прашина ^
• Дупчење на плочки без лизгање &
• Многу други совети можете да најдете на www.skil.
com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Никогаш не отворајте ја машината сами *
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење H 2)
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
100

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

1766 ak

Table des Matières