Bosch GPB Professional 18V-2 C Notice Originale page 189

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
пребарување наназад (10) или копчето за
пребарување нанапред (9) подолго од половина
секунда. Секоја пронајдена станица се репродуцира за
5 s, потоа пребарувањето се продолжува до крајот на
фреквенциски опсег. За да го прекинете
пребарувањето на станици, кратко притиснете го
копчето за пребарување наназад (10) или копчето за
пребарување нанапред (9).
– За зачувување на подесена станица притиснете го
копчето за зачувување на програма (5) на саканото
место на зачувување додека не се појави бројот на
местото на зачувување во приказот место на
зачувување (c).
Ако 4 места на зачувување на аудио извор FM се
зафатени, тогаш променете со притискање на копчето
Source (7) на аудио извор FM2, во следните достапни
4 места на зачувување. Имајте предвид дека по
промената, ќе мора повторно да ја поставите
посакуваната станица за да може да ја зачувате.
– За автоматско пребарување и зачувување на
станицата со најсилен сигнал (AUTOSTORE)
истовремено притиснете го копчето за пребарување
наназад (10) и копчето за пребарување нанапред (9).
Радиото ги проверува сите станици со прием и
зачувува 4 станици со најдобар прием на местата на
зачувување на програма од 1 до 4. Имајте предвид,
дека веќе зачуваните станици се презапишуваат.
Ако е завршено пребарувањето, се репродуцира
зачуваната станица на местото на зачувување на
програма 1.
– За Репродукција на зачувана станица кратко
притиснете на едно од копчињата за зачувување на
програма (5). Бројот на местото на зачувување се
појавува во приказот место на зачувување (c). По
потреба, менувајте со притискање на копчето
Source (7) помеѓу аудио изворите FM и FM2 за да
може да пристапите до сите зачувани станици.
Подесување на стапчестата антена
Радиото се испорачува со монтирана стапчеста
антена (6). За време на работењето на радиото преку FM
свртете ја антената во правецот, којшто овозможува
најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радиото на
место со подобар прием.
Напомена: При работење на радиото во непосредна
близина на радио инсталации, радио уреди или други
електронски уреди може да дојде до попречување на
радио приемот.
Приклучување на надворешни аудио извори преку
AUX
Отворете го заштитното капаче на преградата за
приклучокот (15) и ставете го приклучокот од 3,5 mm на
AUX кабелот (25) во AUX IN конекторот (24). Приклучете
го AUX кабелот на аудио извор кој одговара.
За репродукција на AUX аудио изворот притискајте го
копчето Source (7) додека во приказот аудио извор (b) не
се појави AUX.
Bosch Power Tools
Заради заштита од нечистотии повторно затворете го
заштитното капаче на преградата за приклучок (15) ако
го отстранувате приклучокот на AUX кабелот.
Ако за време на работењето на AUX притиснете едно од
копчињата за зачувување на програмата (5), тогаш
радиото менува на станицата зачувана во последно
користениот режим на работа на радиото.
Репродукција/управување на надворешни аудио
извори преку Bluetooth®
За репродукција на аудио извор (на пр. паметен
телефон) преку Bluetooth®, или притискајте го копчето
Source (7) додека не се појави приказот Bluetooth® (a) на
екранот или независно од актуелниот аудио извор кратко
притиснете го копчето Bluetooth® (11).
За време на воспоставувањето врска одн.
пребарувањето врска, трепка приказот Bluetooth® (a).
GPB 18V‑2 SC: на мултифункционалниот приказ (k) се
појавува <Pairing>.
– Ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио
извор преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е
достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со
овој аудио извор.
– Ако нема достапен зачуван аудио извор, процесот на
пребарување е започнат. Активирајте ја новата врска
преку надворешен аудио извор. На паметните
телефони тоа обично е можно во рамките на
поставките во менито Bluetooth®. Радиото се појавува
како достапен извор под името GPB 18V‑2 C xxxx одн.
GPB 18V‑2 SC xxxx. Следете го упатството за
користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен
телефон.
– Доколку врската со аудио изворот преку Bluetooth®
заврши и се бара нов аудио извор (PAIRING), држете
притиснато на копчето Bluetooth® (11) подолго од
0,5 s. Активирајте ја врската како што е погоре
опишано.
Доколку некој аудио извор е поврзан преку Bluetooth®,
приказот Bluetooth® (a) свети постојано.
GPB 18V‑2 SC: Името на уредот поврзан преку Bluetooth®
се прикажува во горниот дел од мултифункционалниот
приказ (k). Во долниот дел се прикажува пренесениот
текст од поврзаниот уред.
Доколку не може да се воспостави врска преку
Bluetooth®, радиото автоматски се исклучува по 19 min.
Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се
управува и преку радиото:
– За да изберете наслов и да го стартувате,
притискајте го кратко копчето за пребарување
нанапред (9) одн. копчето за пребарување
наназад (10) додека не стигнете до саканиот наслов.
Репродукцијата на избраниот наслов автоматски
стартува.
– За да ја прекинете репродукцијата, притиснете го
копчето за исклучување на звукот (8). На екранот се
појавува приказот пауза (f).
Македонски | 189
1 609 92A 7E7 | (18.03.2022)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gpb professional 18v-2 sc

Table des Matières