Bosch GPB Professional 18V-2 C Notice Originale page 188

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
188 | Македонски
вклучите тонот или повторно кратко притиснете го
копчето за исклучување на звукот или свртете го копчето
за вклучување/исклучување (2) во правецот на
стрелките од часовникот.
Гласноста може да се промени во секое време. Ако е
активирана функцијата на менито, приказот се враќа на
менито неколку секунди по промената на гласноста.
Радиото автоматски се исклучува по 19 min кога е во ова
време:
– јачината на звукот на радиото е поставена на 0,
– звукот на радиото е исклучен или
– јачината на звукот на уредот за репродукција (на пр.
паметен телефон) е поставена на 0.
Бирање на аудио извор
За да изберете аудио извор притискајте го копчето
Source (7) додека на екранот не се прикаже саканиот
внатрешен одн. надворешен аудио извор:
– DAB/DAB2: дигитално радио преку DAB+
(GPB 18V‑2 SC),
– FM/FM2: аналогно радио преку FM,
– AUX: надворешен аудио извор (на пр. паметен
телефон) преку 3,5 mm конектор AUX IN (24) во
преградата за приклучок (15),
: надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон)
со врска преку Bluetooth®.
Актуелниот аудио извор може да се види во приказот
аудио извор (b) одн. приказот Bluetooth® (a).
Аудио изворите DAB и DAB2 (GPB 18V‑2 SC) како и FM
и FM2 не се разликуваат по својата функционалност, тие
само нудат дополнителни места за зачувување на
програма.
Поставување/зачувување на DAB+-радио станица 
(GPB 18V‑2 SC)
За избор на аудио извор DAB+-радио станица притискајте
го копчето Source (7) додека во приказот аудио извор (b)
не се појави DAB или DAB2.
По кратка иницијализација, се репродуцира последната
поставена радио станица.
Името на станицата се појавува во горниот дел од
мултифункционалниот приказ (k). Кои дополнителни
информации ќе се прикажуваат во долниот дел од
мултифункционалниот приказ, може да се постави во
функцијата на менито.
– За Промена на станицата вртете го копчето
Source (7) додека саканата станица не се прикаже на
екранот. Притиснете го копчето Source (7) за да го
потврдите изборот. Радиото менува до избраната
станица.
Алтернативно за промена на станицата можете да го
притиснете копчето за пребарување наназад (10) или
копчето за пребарување нанапред (9). Радиото
менува на следната достапна станица (по азбучен ред
со намалување одн. зголемување).
– За зачувување на подесена станица притиснете го
копчето за зачувување на програма (5) на саканото
1 609 92A 7E7 | (18.03.2022)
место на зачувување додека не се појави бројот на
местото на зачувување во приказот место на
зачувување (c).
Ако 4 места на зачувување на аудио извор DAB се
зафатени, тогаш променете со притискање на копчето
Source (7) на аудио извор DAB2, во следните достапни
4 места на зачувување. Имајте предвид дека по
промената, ќе мора повторно да ја поставите
посакуваната станица за да може да ја зачувате.
– За Репродукција на зачувана станица кратко
притиснете на едно од копчињата за зачувување на
програма (5). Бројот на местото на зачувување се
појавува во приказот место на зачувување (c). По
потреба, менувајте со притискање на копчето
Source (7) помеѓу аудио изворите DAB и DAB2 за да
може да пристапите до сите зачувани станици.
Напомена: при слаб радиосигнал се појавува <Weak
Signal> во мултифункционалниот приказ (k). Во овој
случај, можете рачно да го започнете пребарувањето на
DAB+-станицата.
За таа цел, изберете или <Auto Scan> во менито или
истовремено притиснете го копчето за пребарување
наназад (10) и копчето за пребарување нанапред (9). По
завршувањето на пребарувањето на станици, 4 станици
се зачувуваат на местата на зачувување на програма од 1
до 4. Веќе зачуваните станици се презапишуваат.
Ако не може да се пронајде DAB+-радиостаница, се
појавува <No DAB Station – Please Auto Scan> во
мултифункционалниот приказ (k).
Поставување/зачувување на FM-радиостаница
За бирање на аудио изворот FM-радиостаница
притискајте го копчето Source (7) додека во приказот
аудио извор (b) не се појави FM или FM2.
GPB 18V‑2 C: фреквенцијата на актуелната станица што
се репродуцира се појавува на приказот за
радиофреквенција (d).
GPB 18V‑2 SC: Фреквенцијата на репродуцираната
станица се појавува соодветно во горниот дел на
мултифункционалниот приказ (k). Кои дополнителни
информации ќе се прикажуваат во долниот дел од
мултифункционалниот приказ, може да се постави во
функцијата на менито.
При доволно јак прием на соодветен сигнал, радиото
автоматски се префрла на стерео прием, на екранот се
појавува приказот стерео прием (h). Во функцијата на
менито видот на прием може да се смени на моно прием.
– За Поставување на одредена станица вртете го
копчето Source (7) (TUNE) додека не се прикаже
саканата фреквенција одн. саканата станица на
екранот.
– За Пребарување на следната станица со повисока
јачина на сигнал кратко притиснете го копчето за
пребарување наназад (10) или копчето за
пребарување нанапред (9). Следната пронајдена
станица се прикажува на екранот и се репродуцира.
– За Пребарување на сите станици со повисока
јачина на сигнал притиснете го копчето за
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gpb professional 18v-2 sc

Table des Matières