Примери За Работа - Bosch GRL 400 H Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GRL 400 H Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат
целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето
на бои.
Работни напомени за ласерскиот приемник
Израмнување со либела
Со помош на либелата (20) може вертикално да го
порамните ласерскиот приемник. Навалениот приемник
води кон погрешно мерење.
Означување
На средишната ознака (17) од десната и од левата страна
на ласерскиот приемник може да ја означите позицијата
на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината
на приемното поле (18).
Средишната ознака се наоѓа 45 mm од горниот раб на
мерниот уред.
При обележувањето ласерскиот приемник мора да биде
прецизно израмнет вертикално (при хоризонтален
ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при
вертикален ласерски зрак), инаку ознаките ќе се
поместат во однос на ласерскиот зрак.
Прицврстување со држач (види слика B)
Ласерскиот приемник може да го прицврстите со
држачот (29) како и на мерна летва (26) (опрема), како и
на други помошни средства со ширина од 65 mm.
Затегнете го држачот (29) со завртката за
прицврстување (28) во прифатот (24) на задната страна
од ласерскиот приемник.
Олабавете го вртливото копче (27) на држачот,
притиснете го истиот на пр. на мерната летва (26) и
повторно завртете го вртливото копче (27).
Преглед на приказите за ротационен ласер
Вклучување на мерен уред (1 s
самотестирање)
Нивелирање или дополнително
нивелирање
Мерниот уред е нивелиран/подготвен за
работа
Надминат е опсегот на самонивелирање
Активирано е предупредувањето за удар
Активирано е предупредувањето за удар
Батерискиот напон за ≤ 2 h работа
Празни батерии
●: Траен режим
2×/s: Фреквенција на трепкање (на пр. два пати во секунда)
○: Функцијата е стопирана
Bosch Power Tools
Референтната средишна линија (30) на држачот се наоѓа
на истата висина како и средишната ознака (17) и може
да се употреби за означување на ласерскиот зрак.
Прицврстување со магнет (види слика C)
Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може
да го залепите ласерскиот приемник со помош на
магнети (16) на челичните делови.
Примери за работа
Проверка на длабочината на градежните јами
(види слика D)
Поставете го мерниот уред на стабилна подлога или
монтирајте го на статив (25).
Работење со статив: израмнете го ласерскиот зрак на
саканата висина. Пренесете ја одн. проверете ја висината
на целното место.
Работење без статив: Одредете ја висинската разлика
помеѓу ласерскиот зрак и висината на референтната
точка. Пренесете ја одн. проверете ја измерената
висинска разлика на целното место.
При мерење на големи растојанија, мерниот уред треба
да го поставувате секогаш во средината на работната
површина и да го поставите на статив, за да го намалите
влијанието на пречките.
При работење на несигурен под, монтирајте го мерниот
уред на стативот (25). Внимавајте - функцијата за
предупредување за удар е активирана, за да избегнете
погрешни мерења при движење на подот или потреси на
мерниот уред.
Ласерски
Ротација на
зрак
ласерски
зрак
Зелена Црвена Зелена Црвена Црвена
2×/s
2×/s
2×/s
2×/s
Македонски | 175
2×/s
1 609 92A 73P | (13.01.2022)
2×/s

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl lr 1 professionalGrl 400 lr 1 professional

Table des Matières