184 | Македонски
Променете ги копчестите батерии, ако времето на
радиото повеќе не се зачувува и ако приказот е послаб.
За таа цел, вртете го капакот (18) на копчестата батерија
во правец спротивен на стрелките од часовникот (на пр.
со монета) и извадете го капакот. Вметнете нова копчеста
батерија.
Притоа внимавајте на половите во согласност со
приказот на внатрешната страна на капакот (18).
Повторно вметнете го капакот (18) на копчестата
батерија и свртете го во правец на стрелките на
часовникот. Капакот е безбедно заклучен само кога
ознаките на капакот и на симболот за заклучување се
прикажуваат едни кон други.
Извадете ја копчестата батерија од радиото кога не
u
ја користите подолго време. При подолго
складирање во радиото, копчестата батерија може да
кородира и да се испразни.
Употреба
Заштитете го радиото од директен контакт со вода.
u
Навлегувањето на вода во радиото го зголемува
ризикот од електричен удар.
Држете го капакот за батеријата и заштитното
u
капаче на преградата за приклучокот што е можно
позатворени. Затворените капаци го штитат радиото
од вода и прав.
Режим на аудио
Вклучување/исклучување
За вклучување на радиото притиснете го копчето за
вклучување/исклучување (2). Екранот се активира (1) и
се репродуцира аудио изворот поставен при последното
исклучување на радиото.
Екранот (1) се осветлува за неколку секунди при секое
притискање на копчето.
За исклучување на радиото повторно притиснете го
копчето за вклучување/исклучување (2). Актуелната
поставка на аудио изворот се зачувува.
Подесување на гласноста
По вклучувањето на радиото секогаш се поставува ниска
гласност.
За да ја зголемите гласноста свртете го копчето за
вклучување/исклучување (2) во правец на стрелките од
часовникот, а за намалување на гласноста свртете го во
правец спротивен на стрелките од часовникот.
Подесувањето на гласноста <VL> одн. <Volume> на
екранот се појавува со вредноста помеѓу 0 и 30 за
неколку секунди. Пред подесувањето или менувањето на
радиостаницата поставете ја гласноста на пониска
вредност, а пред стартот на надворешен аудио извор
поставете ја на средна вредност.
За исклучување на тонот можете кратко да го притиснете
копчето за исклучување на звукот (8). За повторно да го
1 609 92A 6F3 | (30.03.2021)
вклучите тонот или повторно кратко притиснете го
копчето за исклучување на звукот или свртете го копчето
за вклучување/исклучување (2) во правецот на
стрелките од часовникот.
Гласноста може да се промени во секое време. Ако е
активирана функцијата на менито, приказот се враќа на
менито неколку секунди по промената на гласноста.
Бирање на аудио извор
За да изберете аудио извор притискајте го копчето
Source (7) додека на екранот не се прикаже саканиот
внатрешен одн. надворешен аудио извор:
– DAB/DAB2: дигитално радио преку DAB+
(GPB 18V‑2 SC),
– FM/FM2: аналогно радио преку FM,
– AUX: надворешен аудио извор (на пр. паметен
телефон) преку 3,5 mm конектор AUX IN (24) во
преградата за приклучок (15),
–
: надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон)
со врска преку Bluetooth®.
Актуелниот аудио извор може да се види во приказот
аудио извор (b) одн. приказот Bluetooth® (a).
Аудио изворите DAB и DAB2 (GPB 18V‑2 SC) како и FM
и FM2 не се разликуваат по својата функционалност, тие
само нудат дополнителни места за зачувување на
програма.
Поставување/зачувување на DAB+-радио станица
(GPB 18V‑2 SC)
За избор на аудио извор DAB+-радио станица притискајте
го копчето Source (7) додека во приказот аудио извор (b)
не се појави DAB или DAB2.
По кратка иницијализација, се репродуцира последната
поставена радио станица.
Името на станицата се појавува во горниот дел од
мултифункционалниот приказ (k). Кои дополнителни
информации ќе се прикажуваат во долниот дел од
мултифункционалниот приказ, може да се постави во
функцијата на менито.
– За Промена на станицата вртете го копчето
Source (7) додека саканата станица не се прикаже на
екранот. Притиснете го копчето Source (7) за да го
потврдите изборот. Радиото менува до избраната
станица.
Алтернативно за промена на станицата можете да го
притиснете копчето за пребарување наназад (10) или
копчето за пребарување нанапред (9). Радиото
менува на следната достапна станица (по азбучен ред
со намалување одн. зголемување).
– За зачувување на подесена станица притиснете го
копчето за зачувување на програма (5) на саканото
место на зачувување додека не се појави бројот на
местото на зачувување во приказот место на
зачувување (c).
Ако 4 места на зачувување на аудио извор DAB се
зафатени, тогаш променете со притискање на копчето
Source (7) на аудио извор DAB2, во следните достапни
Bosch Power Tools